29.04.2020

А1 Office Box – Супер брз интернет за бизнис корисници

Од денес, бизнис корисниците на А1 Македонија преку активација на пакетот А1 Office Box можат да добијат супер брз интернет за својот бизнис, без разлика дали работат од дома или од канцеларија.

A1 Office Box e безжично интернет решение кое се активира со едноставно вклучување во струја, што им овозможува на корисниците брза и лесна употреба каде и да се. Покрај брзиот интернет, пакетот вклучува и фиксна линија.

Оваа услуга корисниците можат да ја активираат со две тарифи: А1 Office Box 2 со којa добиваат  300 GB национален интернет 20/5 Mbps и неограничени разговори кон сите национални фиксни мрежи со промотивна месечна претплата од 699 денари и А1 Office Box 3 со којa добиваат  300 GB национален интернет 20/5 Mbps, неограничени разговори кон сите национални фиксни мрежи како и телевизија со до 50 канали со промотивна месечна претплата од 899 денари.

Пакетот e погоден за поврзување со POS-терминали за плаќање со платежни картички, како и за сите компании што имаат потреба од поголема брзина на upload од 1Mbps. Покрај вклучените, корисниците можат да активираат и дополнителни услуги во пакетот, како што се фиксна IP адреса и управуван VPN.

Со овој пакет, А1 Македонија им овозможува на своите бизнис корисници да создадат одлични услови за работа и непречено да ги извршуваат своите активности.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Неодолива A1 понуда за припејд сегментот во мобилната телефонија

10GB за 299 денари сурфање цел месец

Дознај повеќе
Card image cap

А1 Македонија со нови бенефити за сите корисници на мобилната телефонија

Со A1 Go Social неограничено сурфање и на Twitter без трошење дополнителен интернет...

Дознај повеќе