Водич во дигиталниот свет!

А1 е телекомуникациска компанија, фокусирана на креирање и нудење на понуди за конвергентни и софистицирани дигитални решенија, коишто ги задоволуваат комуникациските потреби, не само на резидентните и на деловните корисници, туку и на секое модерно семејство.

Со технологија и услуги, приспособени кон модерните навики и потреби, А1 ги инспирира корисниците да пронајдат нови искуства, да откријат нови светови со уште повеќе информации, забава и пријатели.

Под мотото, „Секој твој свет!“, намерата на А1 е да стане водич во дигиталниот свет, за сите свои корисници, креирајќи и нудејќи нови и уште понапредни дигитални искуства и алатки, коишто ќе им овозможат уште поедноставно секојдневие, поголема продуктивност и поврзаност. А1, со внимание ги анализира комуникациските потреби на корисниците, со цел да им понуди најдобри услуги. А1 оди чекор понапред, преку технологијата со којашто располага и бара нови можности за да го подобри секојдневниот живот на корисниците. Тежнееме да понудиме нови и свежи идеи, бидејќи нашиот нов бренд е исполнет со живот, има позитивен и оптимистички дух и е отворен за нови размислувања. А1 ги исполнува дадените ветувања, па затоа нашите корисници можат целосно да се потпрат на нас, затоа што сме компанија од доверба.

А1 Македонија

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Повеќе од 1.100 вработени, под брендот А1, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници.

Сите услуги на едно место!

Во согласност со дигиталниот начин на живот, нашата компанија е насочена кон обезбедување на најдобри телекомуникациски и дигитални решенија и нуди обемно портфолио на услуги. Услугите, коишто ги нуди компанијата, се целосно насочени кон потребите на корисниците, а опфаќаат услуги во мобилната телефонија, во фиксната телефонија, мобилен и оптички интернет, кабелска и дигитална телевизија, конвергентна понуда, којашто вклучува комбинирани пакети со сите услуги, како и напредни ИКТ-решенија.

Во своето портфолио на ИКТ-услуги, А1 нуди целосни решенија, коишто ги задоволуваат комуникациските потреби на деловните корисници за дигитално работење. Преку спој на технички решенија и иновативни идеи, корисниците добиваат ИКТ-производ, којшто е интуитивен, ефикасен, лесно одржлив и кој за кратко време станува незаменлива компонента во секојдневното работење.

„Мојот А1“ – дигитална поддршка!

Со посветено работење на иновативни решенија за унапредување на дигиталното корисничко искуство, ја редизајниравме и ја подобривме мобилната апликација „Мојот А1“, преку којашто корисниците имаат уште потранспарентни информации за сите услуги што ги користат.

Бесплатната апликација „Мојот A1“, којашто е достапна за сите корисници на A1, вклучувајќи физички лица и компании, корисници на мобилни, фиксни и конвергентни услуги, преку платформите на Android и iOS, како и веб-верзијата, е централно место за корисничките трансакции, како менаџирање на сметките, увид во состојбата на искористени пакети, проверка на остварен сообраќај, активација на пакети, префрлање кредит и дополнување кредит, но и информациски центар за корисничките податоци, којшто подразбира информација за тарифниот модел, за валидноста на договорот, валидност на активирани пакети и достапни пакети, како и префериран комуникациски канал со A1.

Поврзаност насекаде!

Преку најсовремена, сопствена мрежа, А1 на корисниците, им овозможува целосна покриеност со 4G LTE мобилен интернет, насекаде во земјата и 4G+ во урбаните средини и покриеност на 99,8% од населението.

Грижа за корисници 24/7!

Корисниците на А1, во секое време од денот, во текот на целата седмица, можат да се поврзат со агентите во Контакт-центарот и секогаш да ги добијат најрелевантните информации за услугите што ги користат. Се гордееме со високите оценки, што ги добиваме по секој завршен разговор.

А1 вработени

А1 ја сочинуваат млади, амбициозни, високообразовани и професионални кадри, со просечна возраст од 33 години. Вработените, се во центарот на нашиот динамичен бизнис и ние ја црпиме нашата конкурентна предност пред другите, од вештините, способностите, флексибилноста и одговорноста на нашите вработени кон нашите клиенти. Затоа на нашите вработени, им даваме можност за постојан раст и развој, преку формални и неформални обуки, како и други алатки за напредување. Како член на Групацијата Телеком Австрија, на нашите вработени, им нудиме можност да работат во меѓународна средина и да разменуваат знаења, искуства и најдобри практики со своите колеги во Групацијата.

Кодекс на однесување во А1 Македонија

Нашата заедничка деловна стратегија, како и нашите водечки принципи, тим, доверба и агилност, ни даваат насоки како да работиме и да живееме дигитално.

Кодекс (МК) Кодекс (ENG)