Роаминг совети пред патување

Доколку сакате да користите роаминг услуги во странство, најдобро е да се подготвите пред да патувате.

Ви препорачуваме да ги проверите подесувањата на мобилниот уред, како и да активирате дополнителни пакети за повици, ЅМЅ пораки како и мобилен интернет во роаминг.

Сите активации и деактивации на дополнителни пакети и услуги, наједноставно можете да ги направите преку мобилната апликација Мојот А1.

Доколку немате профил на Мојот А1, можете да регистрирате/креирате профил овде или пак погледнете го нашиот видео туторијал на YouTube каналот на А1 Мојот А1 - Инсталација на мобилната апликација и креирање профил.

 

 

Подгответе се пред да патувате

Дали имате активни дополнителни пакети во роаминг?

Проверете дали Вашиот тарифен модел содржи роаминг услуги или веќе имате активирано роаминг пакет. Тоа наједноставно можете да го направите преку Мојот А1.

  • Логирајте се на Мојот А1.
  • Скролајте надолу и притиснете го копчето “повеќе“.
  • Во делот Активни услуги, проверете дали имате вклучено роаминг услуга или веќе имате активирано роаминг пакет.

Активирајте дополнителни пакети за роаминг

Пред да активирате дополнителни пакети за роаминг, во Мојот А1, во делот “Активни услуги“ проверете дали имате активни забрани за роаминг услуги и истите е потребно да ги деактивирате.

  • Логирајте се на Мојот А1.
  • Од долното мени, притиснете на копчето “Пакети“.
  • Скролајте надолу и во менито “Достапни Роаминг услуги“ притиснете на копчето “повеќе“.
  • Со притискање на белото квадратче, ќе го активирате дополнителниот пакет.
  • Проверете за кои оператори важи активираниот пакет и рачно одберете го тој оператор кога ќе бидете во роаминг.

Подесување на мобилниот уред

За да можете да користите роаминг услуги во странство, потребно е да направите подесувања на Вашиот мобилен уред.

  • Отворете го менито "Settings" и пребарајте "Mobile networks".
  • Подесете го пребарувањето на мобилната мрежа од “Автоматски“ во “Рачно“.
  • Пребарајте "Data Roaming"
  • Подесете во менито "International Roaming" да биде вклучен секогаш.

Активација на дополнителни роаминг пакети и подесување на мобилните уреди во роаминг

Погледнете го видеото и искористете ги практичните совети за подесување на Вашиот мобилен уред пред да патувате во странство.

На А1 YouTube каналот на A1 Guru ќе можете да ги погледнете видео туторијалите кои ќе Ви дадат детални информации во врска со сите наши услуги и производи.