Што е #ПодобарОнлајн?

#ПодобарОнлајн е платформа на А1 Македонија преку која сакаме да го направиме интернетот побезбедно и попозитивно место за сите.

Ние сме тука за да ги охрабриме децата и младите да го истражуваат онлајн светот на одговорен, безбеден и самоуверен начин.

Тука ќе најдете многу корисни совети како да се заштитите на интернет, како да играте игри безбедно, да Ви укажеме на придобивките, но и на опасностите од напредната технологија, ќе дознаете за нашите курсеви и соработки, но најважното - ние сме тука да Ви помогнеме да го сочувате вашето здравје, благосостојба и да останете поврзани со оние кои Ви се важни.

Што правиме за #ПодобарОнлајн?

Го прифати колачето.
Но, знаеш ли што навистина даде за возврат?

Штотуку скенираше QR код затоа што нешто ти го привлече вниманието. Истото го правиме и онлајн секој ден, кликаме „Прифати ги сите“ само за што побрзо да стигнеме до она што го бараме. Но, тој еден брз клик си има своја цена.

Дознај повеќе

Одговорно со технологијата.
За побезбеден сообраќај.

„Одговорно со технологијата. За побезбеден сообраќај.“ е национална кампања за безбедност во сообраќајот, иницирана и спроведена од А1 Македонија во соработка со Министерство за внатрешни работи. Кампањата има јасна и важна цел – да ја подигне јавната свест за одговорното користење на технологијата во сообраќајот и да поттикне промена во секојдневните навики и однесување на сите учесници во сообраќајот.

Дознај повеќе

А1 за одговорно и безбедно запознавање

А1 - мрежа на најдобрите врски

Онлајн запознавањето одамна не е тренд, туку реалност. Денес се градат романтични врски, партнерства и бракови преку дигитални платформи. Како компанија што ја овозможува поврзаноста меѓу луѓето, А1 верува дека модерната технологија треба да ја зголемува сигурноста, а не ризикот. Следните препораки комбинираат лична претпазливост и паметно користење на технолошките алатки што веќе ни се достапни.

Дознај повеќе

Школа за одговорни инфлуенсери

Школата за одговорни инфлуенсери е онлајн платформа наменета да ги поддржи инфлуенсерите и креаторите на содржини во препознавање и соодветно реагирање на несоодветни содржини, со цел градење на позитивно влијание и поттикнување на конструктивна дигитална средина.

Дознај повеќе

Content Positive 2025

Поинаква конференција за побезбеден дигитален простор

Content Positive 2025 е конференција што ја предводи визијата за побезбеден и поквалитетен дигитален свет, како дел од платформата Подобар онлајн на А1 Македонија. Целта на конференцијата е да обедини истакнати личности од областа на онлајн безбедноста, сајбер заштитата, образованието, технологијата, креатори на содржини и на регулативата, создавајќи уникатен простор за споделување знаење, искуства и добри практики.

Дознај повеќе

Интернетот не e само игра...Кликај безбедно!

Програма за едукација на 4-то одделенци за безбедност на интернет

Програма за едукација на 4-то одделенци за безбедност на интернет Едукативната и иновативна програма под името „Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!" е наменета за најмладите. Вработените во А1 Македонија, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма, веќе 7 години ги запознаваат учениците од четврто одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот учејќи ги како безбедно да бидат дел од светската мрежа и како да ги заштитат своите лични податоци.

Дознај повеќе

A1 Academy

Бесплатна програма за дигитални вештини наменета за млади на возраст од 18 до 25 години

A1 Academy е бесплатна едукативна програма иницирана и спроведена од А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење.

А1 Academy е креирана за млади што сакаат да стекнат нови знаења и дигитални вештини неопходни за успешно управување со нивната кариера. Програмата вклучува целосен пакет курсеви за дигитални вештини, поделени во три модули и потребни за разбирање и управување со комплексни дигитални области.

Дознај повеќе

#ГејмајОдговорно

Совети за безбедно гејмање и создавање здрави гејминг навики

Иницијативата #ГејмајОдговорно има за цел да ја зголеми свеста за можните последици од прекумерното гејмање, а истата вклучува и совети за создавање на здрави навики кај гејмерите.

Дознај повеќе

А1 & FINKI

Соработката помеѓу А1 Македонија и ФИНКИ се одвива на повеќе нивоа како што се работа на развојно-истражувачки и апликативни проекти, консултативни активности и експертски услуги.

Кампања #5Секунди

Потребни се само пет секунди за да го направиме онлајн светот подобар

Во денешното динамично време, каде што пораките се праќаат со само еден клик и секоја содржина можеме да ја споделиме за момент, често ја забораваме моќта на нашите зборови и дела. Кампањата „5 секунди“ е едноставен, но длабок потсетник: понекогаш сè што треба да направиме е да застанеме и да размислиме.

Како телекомуникациска компанија, ние се грижиме да бидете онлајн во секое време и насекаде, но исто така имаме одговорност вашиот интернет-свет да го направиме побезбедно место. Без разлика дали сте дете што се движи низ социјалните медиуми или возрасен што го истражува онлајн светот, секој заслужува да се чувствува сигурно и почитувано.

Кампањата „5 секунди“ нѐ охрабрува да направиме кратка пауза и да размислиме: Дали тоа што сакаме да го направиме или кажеме може да повреди некого? Дали нашите зборови можат да придонесат за ширење дезинформации, негативност, па дури и сајбер насилство? Пет секунди одлучуваат дали несоодветен коментар ќе повреди друга личност или дали наша приватна фотографија ќе се најде во погрешни раце. Накратко: пет секунди одлучуваат дали интернетот е побезбедно и подобро место.

Затоа да застанеме и да размислиме. Ајде да се погрижиме заедно да го направиме онлајн светот подобар.

Прочитај повеќе