Вашиот мобилен телефон не е само мобилен телефон. Тој е ваш будилник, фотоапарат или клик до вашата омилена песна и до такси кога ќе ви затреба. Всушност, сè е на него. Ако се скрши, ќе останете без „сè“. Со осигурувањето на екранот, бидете сигурни дека вашиот телефон ќе биде како нов, без оглед на тоа како и каде се случила штетата.
ekran
Околу 80% од сите штети, всушност, се однесуваат на оштетување на екранот.
troshok
Просечниот трошок за замена на екранот изнесува приближно 6.000 денари.
shteta
Секој петти човек го оштетува својот уред во првата година.

Како да склучам договор за осигурување на екран?

Осигурувањето на екранот може да го активирате веднаш при купувањето на уредот во кое било продажно место на А1.

За оваа услуга немате договорна обврска, односно може да ја откажете во секое време.

Осигурувањето го плаќате во зависност од цената на Вашиот уред. За уреди до 19.999 ден. со вклучен ДДВ, цената за осигурување на екран изнесува 42 ден./месечно, а учеството во штета е 750 денари со вклучен ДДВ. За уреди над 20.000 ден. со вклучен ДДВ, цената е 168.6 ден./месечно, а учеството во штета е 2.500 денари со вклучен ДДВ. Плаќањето е преку сметката на А1.

Услугата Осигурување на екран може да се активира најдоцна 30 дена од купување нов мобилен телефон од А1 и склучување на нов или обнова на договор на 24 месеци со A1 Постпејд.

Што во случај на кршење на екранот?

Штетата настаната поради кршење на екранот треба да ја пријавите со повик на Корисничката поддршка за осигурување на бројот 0800 5 1111.

Каде да го однесам уредот?

Осигурениот уред однесете го во најблиското продажно место на А1.

Вашиот уред ќе биде поправен од сигурните раце на овластениот сервис.

Поправениот уред ќе го подигнете од продажното место каде сте го оставиле.

Осигурај го твојот екран во неколку едноставни чекори

Месечната премија зависи од малопродажната цена на уредот. Износот се движи од 49 денари месечно за еден осигурен екран на уредот, кој се плаќа однапред за периодот на осигурување од 30 дена, а се пресметува и се наплатува на месечната сметка на А1. На првата месечна сметка на А1 по склучувањето на договорот за Осигурување на екранот ќе биде прикажана премијата за првиот период на осигурувањето од 30 дена и премијата за вториот период на осигурување од 30 дена, со цел да се осигурите дека вашиот екран на уредот е континуирано осигурен. На сите идни месечни сметки на А1 ќе се пресметува само една премија.

Може да склучите договор за осигурување на екранот (Полиса за осигурување) за секој нов уред (телефон) од понудата на А1. Полисата за осигурување на екранот важи од денот на склучување на договорот за максимален период од 5 години. Полисата за осигурување важи сè додека навреме ги плаќате вашите месечни сметки на А1. Телефоните од A1 се осигурени од страна на Кроација Осигурување во согласност со Условите и карактеристиките на производот купен преку мобилниот оператор A1 Македонија ДООЕЛ Скопје. Врз основа на осигурувањето, екранот на уредот ќе биде поправен или заменет за нов, но не може да се вратат пари во вредноста на уредот. Договорот за осигурување започнува на точниот датум и време како што е наведено во Договорот за осигурување (потврдата за осигурување). Корисникот плаќа учество во штета при секое пријавување дефект на телефонот. Осигурувањето на екранот може да го откажете кога било со праќање електронска пошта на a1osiguruvanje@lamie-direct.com со наведување на следните податоци: број на полиса, телефонски број, име, презиме, адреса, тип/име на уредот, IMEI на уредот.