Заштитете ги податоците на Вашата компанија со A1 Cyber Backup

A1 Cyber Backup

A1 Cyber Backup е вашето сеопфатно решение за заштита на податоците, кое претставува комбинација од можност за генерирање резервни копии на клауд-платформи и силни сајбер безбедносни карактеристики.

Резервни копии

Уживајте во слободата на резервните копии и повлекувајте ги секогаш кога ви се потребни

Направете резервни копии од датотеки и слики од дискови, истовремено искусувајќи ги предностите на напредната технологија за заштита од рансомвер. Вашите витални информации може безбедно да се чуваат и лесно да се повлечат на нов хардвер во случај на целосна инсталација на нова конфигурација (bare metal recovery), овозможувајќи ви да пренесете цели системи на нови компјутери, дури и на такви без оперативен систем.

Безбедни резервни копии на ниво на датотеки

Вашите важни документи ќе бидат заштитени со безбедни резервни копии на ниво на датотеки. На тој начин, вашите податоци се заштитени од случајно ненамерно бришење, проблеми со хардверот или, пак, напади од малвер.

Целосни резервни копии на сликата од оперативниот систем

Бидете спокојни со можноста за целосна резервна копија на сликата од оперативниот систем. На тој начин може да го вратите целиот систем во неговата претходна состојба, вклучувајќи ги и сите апликации и поставки.

Лесно создавање резервни копии на деловни датотеки

Лесно направете резервна копија од сите ваши важни деловни датотеки. На овој начин, сите ваши податоци од суштинско значење ќе бидат заштитени и лесно достапни во итен случај.

Многу компании сфаќаат колку е значајна безбедноста на податоците дури кога е веќе предоцна. Губењето на податоци критични за бизнисот е честопати поврзано со екстремно високи трошоци и прекинување на деловните процеси на компанијата.

Сајбер безбедност

Двојна заштита од вируси и рансомвер

Со A1 Cyber Backup ќе уживате во придобивките на двојната заштита, со што ќе бидете сигурни дека вашите податоци се безбедни и заштитени од вируси и закани од рансомвер.

Процена на нивото на заштита на лозинки

A1 Cyber Backup врши процена на нивото на заштита на лозинките на сите уреди на кои се наоѓа нашето решение. Тоа ви помага да ги идентификувате слабите лозинки и да преземете чекори за нивно зајакнување.

Одбрана против рансомвер управувана од вештачка интелигенција

Нашата технологија проактивно ги детектира и ги блокира нападите од програмите на рансомвер, заштитувајќи ги вашите податоци од малициозна енкрипција.

Детекција и известување за слабости

Нашиот систем ги идентификува слабостите на системот и праќа непосредно известување при нивната детекција, за брзо да се отстранат потенцијалните безбедносни закани.

Заштита во реално време

Нашиот систем постојано ги следи вашите уреди и ги блокира сите сомнителни активности, а благодарејќи на тоа, вашите податоци се безбедни.

A1 Cyber Backup платформи
Повеќе од 30 платформи

Широка компатибилност

A1 Cyber Backup нуди широка компатибилност, што значи дека беспрекорно се интегрира во повеќе од 30 поддржани платформи. Овој широк опсег на компатибилност овозможува сеопфатна заштита на податоците на вашата разновидна ИТ-инфраструктура.

Искусете беспрекорна интеграција со десктоп-компјутери, лаптопи, сервери, виртуелни машини (Windows, Linux и MacOS), веб-страници, Microsoft 365, мобилни уреди (Android и iOS), Microsoft Exchange и разни бази на податоци.

Напредна енкрипција

За заштита на вашите податоци, A1 Cyber Backup користи енкрипциски алгоритми AES-256. Овој стандарден метод на енкрипција овозможува заштита на вашите резервни копии од неовластен пристап.

Безбеден пренос

За сите преноси на податоци користиме SSL-кодирани канали. На тој начин, вашите чувствителни информации се заштитени во текот на преносот, спречувајќи потенцијално пресретнување или манипулација.

Пакети

Пакети за резервни копии приспособени на вашите потреби

Сите пакети имаат неограничен број корисници и уреди. Сите цени се без вклучен ДДВ.

Backup 50

за мали резервни копии

  • 50 GB простор за складирање
  • Неограничено корисници и уреди
290ден./мес.

Backup 100

за професионалци

  • 100 GB простор за складирање
  • Неограничено корисници и уреди
490ден./мес.

Backup 500

за мали и средни претпријатија

  • 500 GB простор за складирање
  • Неограничено корисници и уреди
1.990ден./мес.

Backup 1000

за големи претпријатија

  • 1000 GB простор за складирање
  • Неограничено корисници и уреди
3.490ден./мес.

Backup 5000

за големи претпријатија

  • 5000 GB простор за складирање
  • Неограничено корисници и уреди
15.990ден./мес.

Backup Flex

прилагодено за индивидуални потреби

  • Прилагоден простор за складирање
  • Конфигурибилно по лиценца
Прилагодено

Нудиме широк опсег на пакети за резервни копии што одговараат на различни потреби, од мали резервни копии до решенија за големи компании. Сите пакети имаат неограничен број корисници и уреди, а податоците се чуваат во рамките на ЕУ. Пакетот Backup Flex овозможува приспособени конфигурации, додека пак, другите пакети нудат фиксен капацитет за складирање податоци што се движи од 50 GB до 5 000 GB простор. Сите цени се без вклучен ДДВ.

Дополнителни модули

За поголема безбедност и олеснување за Вашите ИТ системи преку автоматизација

Цена на план (денари/месечно, без ДДВ).

Advanced Backup ServerAdvanced Backup
590 ден./мес.
Advanced Backup VMAdvanced Backup
250 ден./мес.
Advanced Backup WorkstationAdvanced Backup
60 ден./мес.
Advanced Security
60 ден./мес.
Advanced Management
90 ден./мес.
Advanced E-Mail Security
160 ден./мес.

Најчесто поставувани прашања

  • Тврди дискови на физички и виртуелни машини;
  • Датотеки (само на физички машини);
  • ESXi-конфигурација;
  • Системска состојба (само за клауд-решенија);
  • SQL бази на податоци;
  • Exchange бази на податоци и поштенски сандачиња;
  • Office 365 поштенски сандачиња;
  • Стандардни апликации (Microsoft 365, Google Workspace, Microsoft Exchange, Microsoft SQL, Microsoft SharePoint).
Да, во веб-интерфејсот може да направите план за автоматско генерирање резервни копии. Исто така, може да извршите промена на постоен план за резервни копии само со неколку клика, индивидуално или согласно дадените шаблони за генерирање резервни копии.
  • Поштенски сандачиња (без архивирани поштенски сандачиња);
  • Јавни папки;
  • Ставки во јавни папки;
  • Папки со електронска пошта;
  • Електронски пораки;
  • Настани во календар;
  • Задачи;
  • Контакти;
  • Записи во дневник;
  • Белешки.
За да најдете конкретни ставки, може да ја користите функцијата за пребарување.

Ќе добиете порака дека не може да се генерираат резервни копии и дека ви е потребен поголем простор.

Ако итно имате потреба од резервни копии, може да купите поголем пакет преку контролната табла за клиенти на А1 за да направите резервни копии од вашите податоци колку што е можно побрзо.
Дефектен физички сервер/PC:
  • Застарен уред што треба да се замени со нов;
  • Уредот е компромитиран од малвер;
  • Уредот повеќе не се покренува поради неисправен печ/ажурирање;
  • Податоците се изгубени поради бришење/хакирање.
Пренос на систем на нов уред (Acronis Universal Restore):
  • Пренос на физичкиот хардвер на друг физички хардвер;
  • Пренос на физичкиот хардвер на истиот физички хардвер;
  • Пренос на физички хардвер на виртуелен систем;
  • Пренос на поединечни датотеки/папки/дискови (исто така, постои можност за нивен пренос на други уреди!).
  • Доколку вработените намерно или случајно избришале податок/запис во календарот/поштенското сандаче/групите во Teams/каналите во Teams;
  • Доколку случајно сметките на вработените се преземени преку фишинг и дошло до бришење или кодирање на податоци од страна на хакери;
  • Лиценците содржат важни податоци што случајно биле откажани;
  • Податоците треба брзо и лесно да се вратат, на пример, од OneDrive на други сметки или корисници на Microsoft 365;
  • Доколку случајно внатрешните политики за електронска пошта ги бришат електронските пораки по 3 години, а потребна ви е кореспонденција од пред 7 години.
Со A1 Cyber Backup може да се мигрира следново:
  • Физички хардвер во виртуелен систем;
  • Виртуелен систем во физички хардвер;
  • Виртуелен систем во друг виртуелен систем;
  • Виртуелен систем во клауд (на пример, миграција на виртуелни машини од локален/физички сервер во Azure, AWS или Exoscale);
  • Клауд-платформа во друга клауд-платформа (на пример, AWS во Azure).
Извршете миграција и заштедете многу време и напори.

Дел од нашите клиенти

Fershped Комерцијална банка Kabtel Стопанска банка Макстил Perpetuum Mobile Porsche Sava King ICT

дел од нашите клиенти