Избери стриминг услуга по еден месец можеш да одбереш друга

Еден пакет со
4 стриминг услуги

А1 ти овозможува да активираш еден пакет со вклучени 4 стриминг услуги: Netflix, Max, SkyShowtime и Gley, а ти одбираш која стриминг услуга ќе ја гледаш.

Ти одбираш
што ќе гледаш

Еден месец по активацијата на избраната стриминг услуга, можеш да одбереш друга. Менувањето можеш да го правиш еднаш месечно сè додека го користиш стриминг пакетот.

6 месеци
без претплата

Стриминг пакетот со вклучени 4 стриминг услуги, сега го добиваш 6 месеци без претплата, доколку станеш нов корисник или ако го обновиш договорот со А1 Combo.

Избор на услуга
преку Мојот А1

Само со А1, ги добиваш најпопуларните стриминг услуги, сите во еден пакет. Изборот на стриминг услугите можеш да го направиш брзо и лесно преку апликацијата Мојот А1.

Избери и гледај што сакаш!

Влези во светот на врвната забава, сега со уште поголема флексибилност.
Само со А1, уживај во најпопуларните стриминг услуги и омилените филмски содржини, сите во едeн пакет. Netflix, Max, SkyShowtime или Gley – избери ја стриминг услугата што сакаш да ја гледаш, а по еден месец можеш да одбереш друга. Само со A1 Combo, стриминг пакетот го добиваш до 6 месеци без претплата, доколку станеш нов корисник или ако го обновиш договорот со А1 Combo.

Понудата важи за активација и користење на една од стриминг услугите (Netflix Basic, Max, SkyShowtime Standard или Gley Premium) и важи за склучување на нов или обнова на договор на 24 месеци за A1 Net + A1 TV L. Доколку пак, склучиш нов или обновиш договор на 24 месеци со тарифните модели A1 Net + A1 TV M, стриминг пакетот ќе го добиеш 3 месеци без претплата.

По истек на 30 дена од активацијата на една од стриминг услугите, имаш можност да избереш со друга. По истек на бесплатниот период, претплатата за стриминг пакетот изнесува 307 денари/месечно и ќе биде додадена во твојата месечна А1 сметка, сè до негова деактивација. За да го користиш пакетот 3 или 6 месеци без претплата, задолжително активирај ја стриминг услугата која сакаш да ја гледаш, најдоцна 30 дена по склучување или обнова на А1 договорот.

Покрај стриминг услугите, со активирање на пакетот ги добиваш и телевизиските канали HBO, HBO2 и HBO3 или SkyShowtime 1 и SkyShowtime 2, зависно од стриминг услугата која во моментот е активна.

Стриминг пакетот е достапен и за постојните A1 Xplore TV корисници, кои можат да го активираат преку Мојот А1, со месечна претплата од 307 денари.

А1 го задржува правото да ја прекине оваа понуда во секое време.

Како да одбереш стриминг услуга преку Мојот А1?

За да активираш стриминг услуга, неопходно е да се најавиш на апликацијата Мојот А1 со бројот за фиксни услуги. Потоа избери го полето “Пакети”
Под делот “Стриминг пакет” кликни “Повеќе” и ќе се прикажат сите достапни стриминг услуги. Одбери ја услугата што сакаш да ја гледаш, а потоа потврди го изборот.
Потврди го мобилниот број за контакт, на кој ќе добиеш SMS порака со насоки за регистрација на стриминг услугата.
Откако ќе биде реализирана активацијата, избраната стриминг услуга ќе ти се прикаже во секцијата “Активен Стриминг пакет”
Доколку сакаш да ја промениш активната услуга, во делот “Активен Стриминг пакет” кликни на опцијата “Промени”. Потоа, избери ја новата стриминг услуга и потврди го изборот.