Добре дојдовте во А1 Live Shop

Што е А1 Live Shop?

А1 Live Shop е виртуелна продавница што како иновативна услуга за првпат е достапна во нашата земја.

Преку виртуелната продавница може да разговарате со нашите продажни агенти во живо, каде и да сте, и да добиете детални информации за сите наши производи и услуги.

Доколку се одлучите да изберете конкретна понуда или да купите уред, тоа ќе може да го направите веднаш, а ние ќе Ви го доставиме дома.

Започнете разговор

#ОстанетеДома #ЗаедноСмеСоВас

Како функционира А1 Live Shop?

За да се поврзете со А1 продажен агент во живо преку виртуелната продавница, треба да направите само два чекора:

  1. Кликнете на иконaтa со А1 продажен агент што ќе Ви се појави на нашата веб-страница www.a1.mk
  2. Внесете го Вашиот телефонски број и првиот слободен А1 продажен агент ќе Ви се јави во најкраток можен рок од бројот 0800 7 8888.

Продажниот агент ќе може да го видите на екранот, ќе Ви објасни во живо сѐ што Ве интересира и ќе може да Ви ги покаже уредите во живо. Не грижете се, Вашата приватност е целосно зачувана затоа што нашиот агент не може да Ве види Вас.

Што добивате?

  • Заштедувате време – нема потреба од чекање во редица во продажен салон
  • Реален преглед на сите уреди за кои сте заинтересирани
  • Детални одговори на сите Ваши прашања во врска со А1 понудите
  • Можност за склучување нов или обнова на договор
  • Можност за купување нов уред на рати.

Што сѐ Ви е потребно за да се поврзете?

Многу е едноставно, потребно е да имате само паметен уред и добра интернет мрежа.

Започнете разговор