A1 Guru е платформа која на корисниците им овозможува помош и поддршка за сите нивни прашања поврзани со услугите на А1, без тие да посетуваат продажни салони и да се јавуваат во Контакт Центарот, со цел да им овозможиме одлично корисничко искуство.
Запознајте го Славчо - виртуелниот А1 Guru експерт
Виртуелениот експерт Славчо е чет-бот кој разбира и зборува македонски јазик. Со него можете да комуницирате на кирилица или латиница. Комуникацијата со Славчо е целосно бесплатна, a со него можете да разговарате на нашата веб страница или преку апликациите Viber и Facebook Messenger.
Славчо Ви овозможува:
- Помош и техничка поддршка за користење на мобилни и фиксни услуги на А1- интернет, телефонија и телевизија
- Помош при плаќање на Вашите месечни сметки, брзо, безбедно и едноставно
- Проверка на состојбата на сметка и надополнување на кредит за припејд корисниците
- Активирање, деактивирање на услуги и пакети, како и информации за тарифи и промоции
- Препораки за избор на нов телефон
A1 Guru туторијали
Со помош на советите во А1 Guru видео туторијалите, ќе добиете јасни и прецизни инструкции за користење на услугите на А1: видео упатства за инсталација и сетирање на уреди, активација и деактивација на пакети, плаќање сметки и други. Видео туторијалите постојано се ажурираат и надополнуваат со нови содржини.