Digi-Tree

Пораснете го Вашето дигитално дрво во Mојот A1, а ние потоа ќе го засадиме!

#А1заПодобарСвет

Како дел од програмата „За Подобар Свет“, А1 го започна еко проектот А1 Digi-Tree, кој има за цел да го поттикне користењето на дигиталните активности од страна на корисниците, како и да придонесе кон подобрување на животната средина.

Со проектот А1 Digi-Tree секое физичко лице постпејд корисник на апликацијата Мојот А1 има можност преку користење дигитални активности да порасне свое дигитално дрво. Колку повеќе вакви активности користите, толку побргу дигиталното дрво ќе порасне. За секое пораснато дигитално дрво, А1 ќе засади вистинско дрво на локации низ Македонија.

Како да го пораснам моето дигитално дрво?

Со секое извршување на следните активности, Вашето дигитално дрво расте со одреден процент:

Онлајн плаќање на месечна сметка
5%
Онлајн надополнување на припејд кредит од постпејд број
5%
Враќање на стар телефон за рециклирање во А1 салон
10%
Активирање на еSIM картичка
20%
Онлајн склучување или обнова на договор
20%

За да се вклучите во А1 Digi-Tree потребно е да ја ажурирате, односно да ја користите последната верзија на апликацијата Мојот А1. Доколку не сте корисник на Мојот А1, потребно е да ја инсталирате апликацијата и да направите регистрација на нов корисник. Растењето на Вашето дрво можете да го следите во апликацијата Мојот А1. Откако Вашето дрво ќе порасне 100%, започнувате да растете ново дигитално дрво. Сите пораснати дигитални дрва, А1 ќе ги засади на локации во Македонија каде што е потребно пошумување.

Вклучете се во проектот A1 Digi-Tree, користете ги дигиталните можности и сите заедно да придонесеме ЗА ПОДОБАР СВЕТ и подобра иднина на нашата заедница.