За подобар свет

Под мотото “За подобар свет” во рамки на програмата ESG (environmental,social and corporate governance), целосно сме посветени кон развој и реализација на општествено-одговорни проекти во областа на животната средина, дигиталната писменост и корпоративно управување.
Наша стратешка определба е да бидеме социјално одговорна компанија која одржува високи етички стандарди, да придонесуваме во општеството покажувајќи поддршка за ранливите општествени групи и нивните потреби, да одговориме на промените во заедницата и да придонесеме за развој и заштита на животната средина. .

ESG

Oд 2020 година ESG (environmental, social and corporate governance) е дел и од стратегијата на А1 Групацијата. ESG се залага за животната средина, социјалното и корпоративно управување и ја отелотворува одговорноста што компаниите, кои се дел од А1 Групацијата, преку своите активности ја носат внатрешно и во нивното опкружување.

Погледни видео
Животна средина

Животна средина

Амбициите на А1 Телеком Австрија Групацијата за животна средина:

  • Климатските цели за животна средина до 2030 година се достигнување на нето неутралност на јаглерод диоксид со намалување на емисијата на штетни гасови и постепено префрлување на енергија од обновливи извори
  • Долгорочна цел за зголемена енергетската ефикасност за 80% во споредба со 2019 година и
  • Рециклирање на повеќе од 50.000 стари уреди годишно.
прочитај повеќе
Дигитална писменост

Дигитална писменост

Амбициите на А1 Телеком Австрија Групацијата за дигитална писменост:

  • Социјална амбиција до 2023 година е едукација на над 100.000 луѓе - особено фокусирани на деца и млади – во сегментот на дигитална писменост, да им се даде на луѓето доверба и вештини за активно обликување на дигиталните светови и Амбиција за корпоративно управување до 2023 година.
прочитај повеќе
Корпоративно управување

Корпоративно управување

Амбициите на А1 Телеком Австрија Групацијата за корпоративно управување:

  • Да го зголемиме женскиот удел на раководни позиции на 40% ширум групата до 2023 година, притоа задржувајќи го или надминувајќи го нашиот вкупен женски удел од 40% во целата групација
  • Да се одржи системот за управување со усогласеност во најдобрата практика и надворешно сертифициран за да се заштити интегритетот и доверливоста на Групацијата А1 Телеком Австрија.
прочитај повеќе