Одберете
супериорен
оптички интернет
во Вашата компанија

Оптика - технологија на иднината

Оптичката технологија се смета за технологија на иднината, која Ви овозможува пренос на податоци во вид на светлосни импулси, преку најсовремени оптички влакна. Предноста на оваа технологија лежи во способноста да обезбеди брз одговор, особено во сценарија каде е неопходна комуникација во реално време на големи растојанија.

Оптичката технологија ги трансформира начинот на комуникација и размената на информации, обезбедувајќи перформанси со врвен квалитет.

Проверете достапност на интернет
за локацијата на Вашата компанија

За да Ви овозможиме интернет услуга со најсовремена технологија, Ве молиме внесете ја Вашата адреса и Вашиот телефонски број.

Повеќе информации за Политика за приватност.

Предности на оптичкиот интернет
во Вашата компанија

Стабилна конекција со минимална латенција
Супериорен интернет со неверојатни брзини за download/upload
Истовремено поврзување на повеќе уреди во домот, со висок квалитет на услугата
Прилагодување според потребите и големината на Вашата компанија
Брза и едноставна инсталација на опремата

Стабилен и супербрз интернет

Оптичката технологија обезбедува беспрекорно корисничко искуство со максимален квалитет на сигналот. Целта на секоја компанија е да обезбеди врвни услуги за своите клиенти, за што е неопходна безбедна и стабилна интернет-конекција достапна на секој вработен во работниот простор на компанијата.

Стабилната интернет-конекција е незаменлива за современите бизниси, овозможувајќи им ефикасна комуникација, брз пристап до информации, онлајн присуство, управување со податоци, е-трговија (e-commerce), квалитетни услуги за клиентите и одржување на конкурентна предност на пазарот.

Оптички интернет со А1 Combo Business

A1 Combo Business е пакет со неограничен интернет и фиксна линија за Вашата канцеларија, во комбинација со мобилни линии А1 Business Pro. Заштедете со А1 Combo Business пакетите и користете ги сите услуги во една сметка.

Дознај повеќе

Одберете од тарифите за оптички интернет,
кои се дел од A1 Combo Business пакетите

А1 Net Business Pro
M

во А1 Combo Business пакет

неограничен интернет
до 200/200 Mbps
за оптички интернет

 
999 ден./
месечно

А1 Net Business Pro
L

во А1 Combo Business пакет

неограничен интернет
до 300/300 Mbps
за оптички интернет со Wi-Fi Mesh

1.299 ден./
месечно

А1 Net Business Pro
XL

во А1 Combo Business пакет

неограничен интернет
до 500/500 Mbps
за оптички интернет со Wi-Fi Mesh

1.599 ден./
месечно
*Прикажаните цени се без вклучен ДДВ и се однесуваат само на услугата оптички интернет вклучен во А1 Cоmbo Business пакет.

Креирајте го Вашиот
А1 Combo Business пакет

А1 Combo Ви овозможува флексибилност односно да изберете услуги според Вашите бизнис потреби и да го креирате сами својот пакет со интернет и фиксна, мобилни линии и телевизија.

Инсталација на
оптичкиот интернет

По склучување на договорот, нашите стручни служби ќе Ве контактираат во најкраток можен рок, за да се договори термин за инсталација кој Ви одговара. Нашата техничка служба ќе се погрижи најбрзо и наједноставно да изврши спроведување на оптичкиот кабел во Вашита компанија на најмалку видлив начин, запазувајќи го Вашето ентериерно уредување.

Wi-Fi секаде
во компанијата

Wi-Fi Mesh е уред што го зајакнува Wi-Fi сигналот и ви овозможува да имате покриеност со Wi-Fi мрежа во секој агол од Вашата работна просторија. Нашите екипи ќе направат проверка и ќе го инсталираат уредот доколку има потреба од зајакнување на сигналот. Со тарифните модели А1 Combo Business L и XL, Wi-Fi Mesh уредот го добивате бесплатно.