Гејмај на супериорен оптички
интернет
со A1 Combo

PlayStation 5
Blu-Ray Edition

849
ден./месечно

Екслузивна A1 Combo понуда

Доживејте поинакво гејминг искуство со А1 Combo! Гејмајте на супериорен оптички интернет со брзина до 200/200 Mbps, додадете 2 мобилни линии со вклучен неограничен 5G интернет и одберете Play Station 5 за само 849ден./месечно.

Нарачај

Понудата важи со склучување нов или обнова на договор на 24 месеци со тарифните модели A1 Net L со вклучени две мобилни линии A1 Ultra M и PlayStation 5. Понудата е достапна преку оптичка мрежа на локации каде има техничка можност. Оптичкиот интернет е супериорен во однос на другите достапни технологии. А1 го задржува правото да ја прекине оваа понуда во секое време.

#ГејмајОдговорно со советите на Al!

Често, гејмерите вложуваат прекумерно време и енергија во виртуелниот свет, грижејќи се за својот анимиран карактер повеќе отколку за сопственото здравје. Со нашата иницијатива #ГејмајОдговорно, сакаме да ја зголемиме свеста за можните последици од прекумерно гејмање и да ги советуваме гејмерите како да создадат здрави навики.

За почеток, прочитај ги овие едноставни совети за одговорно гејмање:

  • Грижи се за твојот health bar повеќе отколку оној на твојот карактер
  • Не играј повеќе од два часа дневно
  • Прво заврши ги обврските па потоа гејмај
  • Истегни се додека чекаш да се наполни loading барот
  • Пиј доволно течности
  • Не користи навредливи зборови дури и кога губиш
  • Не врши сајбербулинг и не поддржувај сајбер насилници
  • Направи пауза од гејмање и излези со другарите
  • Не гејмајте 2 часа пред заспивање

Стави контрола на твојот screentime

Почни со мали чекори!

Намали го времето поминато на гејмање за 10% во првата недела. На пример, ако сега поминуваш 16 часа неделно пред екран, за почеток обиди се да намалиш на 14 часа. Веќе втората недела, намали на 12 часа играње. На овој начин, ќе станеш посвесен за времето поминато во гејмање и тоа ќе ти помогне за долгорочно менување на твоите навики.

"Новото" слободно време поминувај го со другарите.

Не е кул да си "були"

Не дозволувај да станеш жртва на сајбербулинг, ниту пак да станеш "були", мислејќи дека е тоа вообичаено или нормално однесување во виртуелниот свет:

  • Кога ќе препознаеш сајбербулинг, пријави го веднаш
  • Зборувај отворено за сајбербулингот со твоите блиски
  • Не користи навредливи зборови дури и кога губиш
  • Не врши сајбербулинг и не поддржувај сајбер насилници
  • Не гејмај со сајбер-насилници

СОВЕТИ ОД ГЕЈМЕРИ

"Запиши се на некој спорт. Вежбај редовно, не пропуштај тренинзи поради гејминг, ќе се чувствуваш многу подобро и поздраво."

препорачува Матеј

"Кога играат, гејмерите го искажуваат стресот преку навреди и лошо однесување. Мој совет е доколку налеташ на таков лик да го игнорираш, да го блокираш и да го заборавиш."

препорачува Јана

Преземи контрола на игрите и #ГејмајОдговорно!

Al Game Fest 2024powered by Neptun

Подгответе се за најголемиот е-спорт настан во Македонија - A1 Game Fest 2024, powered by Neptun.

📅 Кога? 14 и 15 декември
📍Каде? East Gate Mall, Скопје
❓ Што ве очекува?

Tурнири во Dota 2 - powered by Neptun, Counter-Strike 2 - powered by Neptun, Tekken 8 - powered by Neptun, EA SPORTS FC™ 25 - powered by Kviki и секогаш креативниот Cosplay - powered by MAX.

За фановите на аналогните игри, натпревари во Board Games со Гоблин Друштвени Игри, Warhammer 40.000, ретро гејминг корнер и секако, многу гивавеи и изненадувања за публиката.

⚡ A1 Game Fest 2024 powered by Neptun – дојдете на врвна забава и незаборавен гејминг спектакл!
Не заборавајте: Гејмајте одговорно!
Сите детали за настанот, погледнете ги тука.

 

Al Game Fest 2023 галерија