Gley пакет
за А1 корисници

Активирајте Gley
преку Мојот А1
и гледајте ги најпопуларните
серии и филмови

Активирај

Што е Gley

Gley е првата македонска видео-стриминг платформа, преку која на едно место имате пристап до богат избор на домашни, регионални и светски филмови и серии, сите преведени на македонски и албански јазик.

Со Gley уживајте во најпопуларните серии кога било и каде било, достапни за следење на сите уреди: смарт-телевизор, лаптоп, компјутер, смартфон или таблет, на 2 или 4 уреди истовремено.

Gley вклучува и детски забавни и едукативни содржини за сите возрасти, синхронизирани на македонски и на албански јазик и со родителска заштита.

Gley за А1 корисници

Изберете го Вашиот Gley пакет со попуст на претплата за А1 корисници.
  • Извонредна HD-слика и висококвалитетен звук
  • Целосен превод на македонски и на албански јазик
  • 7 дена бесплатен пробен период
  • Нови содржини секоја недела
  • Богат избор на серии и филмови
  • Детска содржина со синхронизација

Gley Standard

гледајте на

2 уреди истовремено

7 дена

пробен период

399
299
ден./мес.

Gley Family

гледајте на

4 уреди истовремено

7 дена

пробен период

499
399
ден./мес.

Како се активира Gley

Gley е достапен за активација за сите A1 Постпејд корисници на мобилни и фиксни услуги.

Пакетот Gley можете да го активирате преку мобилната апликација Мојот А1, со повик во Контакт центарот на 077 1234 или во сите А1 продажни места.

По активацијата ќе добиете активациски код преку SMS или е-мејл, кој треба да го внесете при регистрација за користење на услугата на страницата Gley.tv


Наплатата за Gley започнува по завршување на пробниот период, кој може да се користи само еднаш. Претплатата за Gley се наплатува во месечната сметка за А1 услугите на корисникот. Претплатата aвтоматски се продолжува секој нареден месец (за нови 30 дена), сè додека корисникот не ја деактивира услугата. Деактивација на услугата Gley можете да направите преку мобилната апликација Мојот А1, во сите A1 продажни места или со повик во Контакт центарот на 077 1234.

Гледајте на Gley

Гледајте на Gley

Прикажи цела содржина

Содржините на Gley можете да ги гледате на следните уреди

Лаптоп или компјутер

Гледајте ги содржините на Gley преку лаптоп или компјутер на Gley.tv

Gley.tv

Смарт-телевизор

Гледајте преку апликацијата Gley достапна за:

  • LG (со webOS верзија 3.0 и понови верзии)
  • Samsung Tizen (на сите уреди произведени од 2017 г. и понови)
  • Android TV (со верзија 8.0 и понови верзии)

Смартфон или таблет

Преземете ја апликацијата и гледајте ја Gley содржината на Вашите мобилни уреди.

За да користите Gley, потребно е да направите регистрација на Gley.tv

  • При регистрација, во начин на активација на пакет изберете оператор А1 Македонија
  • Внесете го активацискиот код од А1 добиен преку SMS-порака или е-мејл
  • По успешната регистрација, најавете се со Вашите податоци (е-пошта и лозинка) со кои претходно се регистриравте и започнете со користење на Gley

При користење на Gley, имајте предвид дека се користи интернет-сообраќај од Вашата тарифа.

Gley апликација

Преземете ја апликацијата и гледајте ја Gley содржината на Вашите мобилни уреди