
Телевизија на новата генерација
A1 Xplore TV со нов интерактивен интерфејс
HD-квалитет на слика
Врвно искуство со HD-квалитет на слика и звук со Dolby audio
ТВ-услуга достапна на сите уреди
Омилената ТВ-програма гледајте ја на телевизор, смартфон, таблет или на компјутер
Стриминг услуги
Директен пристап до каналите YouTube и YouTube Kids
А1 Xplore TV Ви препорачува ТВ-содржина според Вашиот интерес
Уживајте во новиот ТВ-интерфејс и во новата апликација A1 Xplore TV со која можете кога било и каде било да ја следите својата омилена ТВ-содржина. Ве очекуваат голем број функционалности, но и многу богата содржина!

ТВ-содржина за секого
А1 Xplore TV Ви овозможува да изберете од големиот број разновидни ТВ-канали!
- Повеќе од 200 ТВ и радио канали
- детален водич низ ТВ-програмата
- препораки за содржина според Вашите интереси
- пребарување на содржини
- промена на актуелниот пакет и можност за купување дополнителен пакет преку самиот дигитален ТВ уред
- Родителска заштита и контрола на содржината според возраста
- Предефинирани листи на канали според нивната содржина

Гледајте од почеток
Излегувајте и дружете се, без да се грижите дека ќе ја пропуштите омилената серија бидејќи со A1 Xplore TV, ТВ-содржината е достапна 72 часа наназад.

Снимајте
Снимете го целиот серијал и подгответе пуканки за добра забава, бидејќи A1 Xplore TV Ви овозможува снимање и неограничен број прегледи на ТВ-содржината во период од 20 дена. Притоа, можете да снимите до 10 часа бесплатно, а доколку Ви е потребно повеќе можете да купите дополнителни 10 часа.

Моја ТВ-колекција
Опцијата „Моја ТВ-колекција“ ќе биде Вашето катче со сите избрани ТВ-содржини на едно место, на сите уреди и притоа можете:
- да продолжите да ја гледате започнатата серија
- да ги пребарувате снимените содржини
- да го изгледајте документарниот филм што сте го обележале како интересен

Најдобрата интерактивна телевизија
Согласно доделеното признание на Zappware за А1 Xplore TV на CSI Awards 2021 во категорија „Најдобра интерактивна телевизија или апликација“ и доделената награда на VideoTech Innovation Awards 2020 во категоријата „Напредни ТВ услуги“.


HBO ON DEMAND
Премиум-содржина
Услугата HBO OD во A1 Видеотека Ви овозможува голем број на популарни содржини кои можете да ги гледате кога сакате.
A1 Xplore Smart TV
Апликација за Вашиот телевизор
A1 Xplore Smart TV е апликација за смарт–телевизори и Android телевизори, која заменува еден или повеќе од Вашите постојни дигитални приемници без дополнителни далечински управувачи и без кабли за инсталација.
- достапна за смарт-телевизори од брендовите Samsung или LG произведени од 2018 година или подоцна, со оперативен систем Tizen OS или Web OS
- достапна за уреди со Android TV оперативен систем како: Android телевизор, Android TV Stick или Android TV Box, со минимум 9.0 Android верзија на софтвер или понова верзија.
- може да ја активираат сите корисници на ТВ-услуги со А1 Xplore TV дигитален приемник на некои од следните тарифи (A1 Net + A1 TV и A1 Combo) со активирана А1 Xplore Smart TV услуга.
Активирајте во некој од продажните салони на А1, со јавување во Контакт центар на 077 1234 или преку апликацијата Мојот А1.
За да проверите дали Вашиот телевизор е компатибилен за апликацијата, потребно е да влезете во „Апликации“ и да ја пребарате апликацијата A1 Xplore TV.
