Одберете А1 Combo и
Триглав осигурување на дом

Опуштете се дома!

A1 Македонија, во соработка со Триглав Осигурување, Ви нуди комплетно решение за поврзување и сигурност на Вашиот дом. Понудата вклучува фиксен интернет или телевизија од A1, заедно со комбинирано осигурување на домот и осигурување на опремата за електронски комуникациски услуги. Притоа, месечниот надоместок за осигурувањето изнесува само 199 денари и ќе биде вклучен во сметката за користење на услугите од А1.

Ви препорачуваме избор на А1 Combo пакет, со кој добивате мобилни и фиксни електронски комуникациски услуги за непречена и неограничена комуникација на целото семејство.

Комбинираното осигурување на дом од Триглав, Ви овозможува низа поволности за безгрижно живеење.

Осигурувањето покрива штети нанесени на станбениот објект и на покуќнината, како и покритие за готовина, хартии од вредност, скапоцености, лични исправи, документи и друго.

Истовремено, ризиците што ги покрива ова осигурување се:

  • пожар, излевање на вода од инсталации и други опасности во домот
  • провална кражба и разбојништво
  • асистенција за Вашиот дом (на бесплатниот телефонски број 0800 90 550), која што покрива трошоци за водоинсталатерски, електричарски, браварски, стакларски и столарски услуги, во моментот на настанување на штетата, со цел да се спречи уште поголема штета
  • одговорност кон трети лица, односно штети предизвикани кај соседите

Понудата е достапна за сите постојни и за нови А1 корисници на фиксен интернет или телевизија, со склучување договор за осигурување на 24 месеци, во сите салони на А1.

Во случај на штета, пријавете го настанот во Триглав Осигурување, на броевите 02/5102 222 или 0800 02222 или на е-мејл адресата steti@triglav.mk.

Повеќе информации за понудата побарајте на веб-страницата triglav.mk.