Доживејте ја напредната технологија
преку мобилната мрежа на А1

 

Услугата VoLTE (Voice over LTE) Ви овозможува супериорен квалитет на повици и истовремено користење супер брз интернет преку мобилната мрежа на А1. Притоа, разговорите и користењето интернет се реализираат со помош на мобилната LTE технологија, со што корисниците ги добиваат следните предности:

  • Супериорен квалитет на звукот/говорот при повиците, соговорникот се слуша јасно, со кристално чист квалитет на звук
  • Побрзо воспоставување на повиците, во споредба со вообичаените повици
  • Истовремено реализирање повици и користење интернет со голема брзина на најбрзата мобилна мрежа насекаде во Македонија

VoLTE услугата ја добивате бесплатно, а за да ја користите потребно е да активирате VoLTE на Вашиот мобилен телефон, доколку истиот ја поддржува оваа услуга.

Мобилни телефони за кои е достапна услугата VoLTE
Samsung Samsung Galaxy S9, Samsung Galaxy S9+, Samsung Galaxy S10, Samsung Galaxy S20, Samsung Galaxy S21, Samsung Galaxy S21+, Samsung Galaxy S21 Ultra, Samsung Galaxy Note 20, Samsung Galaxy Note 20 Ultra
Huawei Huawei P30, Huawei P30 Pro, Huawei P40 lite, Huawei P40 Pro
A1 Alpha A1 Alpha, A1 Alpha 20, A1 Alpha 20+

Активирајте ја услугата VoLTE на Вашиот мобилен телефон на следниот начин:

Модел Активирајте VoLTE преку:
Samsung Settings>Connections>Mobile Networks>VoLTE calls
Huawei Settings>Mobile Network>Mobile data>VoLTE calls
A1 Alpha Settings>Network & Internet>Mobile Network>Advanced>Enable VoLTE call