Купете BinBin ваучер

Преку Мојот А1 или SMS порака


Сите корисници на A1 Постпејд и А1 Припејд мобилни услуги, имаат можност да купат BinBin ваучер преку апликацијата Мојот А1 или преку SMS од својот мобилен телефон, за користење на услугата за изнајмување електрични тротинети во Скопје.

Како да купите BinBin ваучер преку SMS:

  1. Пратете SMS со текст BIN300 на бројот 141000. Цената на SMS-пораката изнесува 5 денари.
  2. Преку SMS ќе добиете код за ваучер во износ од 300 денари.
  3. Копирајте го кодот и внесетe го во апликацијата BinBin, во делот „Паричник“ (кај полето „Додадете код“) и кликнете на „Примени“.
  4. Износот на ваучерот од 300 денари ќе биде додаден во вашиот паричник во мобилната апликација BinBin.
  5. Износот од 300 денари ќе биде наплатен од вашата сметка за мобилниот број
  6. Уживајте во возењето!

Како да купите BinBin ваучер преку Мојот А1:

  1. Најавете се во Мојот А1 доколку не сте веќе најавени.
  2. На BinBin банерот, кликнете на копчето „Повеќе“
  3. Потоа, кликнете на копчето “Купи ваучер„ во апликацијата.
  4. Преку SMS ќе добиете код за ваучер во износ од 300 денари.
  5. Копирајте го кодот и внесетe го во апликацијата BinBin, во делот „Паричник“ (кај полето „Додадете код“) и кликнете на „Примени“
  6. Износот на ваучерот од 300 денари ќе биде додаден во Вашиот паричник во мобилната апликација BinBin.
  7. Износот од 300 денари ќе биде наплатен од вашата сметка за мобилниот број
  8. Уживајте во возењето!

Максималниот лимит за купување BinBin ваучер од Вашиот мобилен телефон е 5 ваучери во текот на еден календарски месец. Купените BinBin ваучери ќе бидат наплатени во месечната сметка за А1 Постпејд корисниците, односно од припејд кредитот за А1 Припејд корисниците.

Стигнете до посакуваната дестинација со забавно и економично возење и притоа придонесете за заштита на животната средина со еко-пријателски транспорт!

За повеќе информации, јавете се на бројот 077 1234.