Smart City
Со дигиталните Smart City решенија на А1 Македонија, се подобрува квалитетот на животот на луѓето, обезбедувајќи им поголема ефикасност и можност за подигнување на животниот стандард на повисоко ниво. Базирано на напредна технологија, дигиталните Smart City решенија овозможуваат попаметно и поефикасно управување со ресурсите, подобра организација на градските процеси и услуги, како и зголемена безбедност и удобност за граѓаните.
Преку имплементација на решенија како што се паметно управување со уличното осветлување, транспортот, собирањето отпад и мониторингот на квалитетот на воздухот, А1 Македонија придонесува за создавање на одржливи и современи урбани заедници.
Дополнително, преку поврзување на технологијата со секојдневниот живот, граѓаните добиваат подобри услуги, намалени трошоци и зголемено учество во урбаното живеење.
Smart City решенијата на А1 Македонија се чекор напред кон поодржлива, поинтелигентни и поквалитетна иднина за сите.
Smart City решенија и дигитални апликации
Паметни светилки ги нудат следните бенефити: подобрена енергетска ефикасност, намалени оперативни трошоци, управување и контрола на осветлувањето, подобрена безбедност на граѓаните.
Паметни клупи со амбиентална светлина и футуристички изглед, вградени сензори за животната средина и USB порти, нудат можност за инсталирање Wi-Fi мрежа и користење на соларна енергија.
Полначи за електрични автомобили им нудат можност на општините да генерираат нови приходи и да придонесат кон зачувување на животната средина, додека корисниците можат да проверат достапност на полначите и да извршат плаќање преку веб базирана апликација.
Електрични велосипеди е услуга погодна за сите возрасни групи која овозможува брз и економичен транспорт на граѓаните и почиста животна средина.
Паметен паркинг е услуга базирана на сензори кои испраќаат информации за статусот на слободни паркинг места преку апликација (слободно/зафатено). На тој начин услугата придонесува за намалување на сообраќајниот метеж, почиста животна околина и намалена потрошувачка на гориво.
Паметни контејнери овозможуваат контрола врз отпадот во руралните и урбаните средини. Сензорите кои се вградуваат во контејнерите ни овозможуваат следење на нивото на исполнетост, како и нивна локација.