A1 Net Protect

Заштитете го Вашиот уред и
сурфајте безбедно

Заштитете го Вашиот уред и сурфајте безгрижно и безбедно преку најбрзата мобилна мрежа, со новата услуга A1 Net Protect!

Во ова време, кога не можеме да замислиме ни еден ден без да користиме интернет, треба да бидеме свесни дека покрај тоа што го користиме за да се поврземе со пријателите и со семејството, да споделуваме фотографии, видеа и сл., секојдневно сме изложени на многубројни напади што носат безбедносни ризици, па затоа во денешно време е неопходно да го заштитите Вашиот мобилен уред.

Услугата А1 Net Protect, преку мобилната мрежа на А1 го штити Вашиот уред од најразлични сајбер закани, небезбедни сајтови, вируси, веб-страници за кражба на лични податоци, малвер софтвери.

ПРОБАЈТЕ БЕСПЛАТНО! Активирајте ја услугата А1 Net Protect 1 месец БЕСПЛАТНО и сурфајте безбедно преку мобилната мрежа на А1.

Услугата е достапна за сите мобилни припејд и постпејд корисници на А1.

По истек на пробниот период, месечната претплата за користење на услугата изнесува 29 денари.

A1 Net Protect Ви обезбедува заштита од:

Phishing
Phishing

Обид да се преземат лични податоци за лице преку лажна е-мејл адреса или веб-страница, односно обид за кражба на идентитет.

Malware
Malware

Малициозен софтвер што навлегува во Вашиот уред и предизвикува штета. Добро познати примери се вирусите и тројанците.

Botnets
Botnets

Злоупотреба на Вашиот уред за да испраќате спам, вируси или лични податоци без да забележите.

Spamsites
Spamsites

Веб-страници што прикажуваат лажни реклами, кои ветуваат, на пример, дополнителни бенефити, попусти, награди или поволни цени.

Compromised
Compromised

Хакирани веб-страници што се користат за дистрибуција на малициозен софтвер.

Cryptomining
Cryptomining

Генерација на дигитални валути (на пример, биткоини). Напаѓачите се обидуваат да „копаат“ дигитални валути со помош на Вашиот хардвер и без Ваше знаење. Ова го прави Вашиот уред побавен и ја троши Вашата електрична енергија.

A1 Net Protect Ви нуди безбедност на мрежно ниво, што го отежнува пристапот на напаѓачите до Вашите податоци. Тоа значи дека додека сте поврзани на мобилната мрежа на А1 (дома и во странство), услугата автоматски ги детектира и ги блокира небезбедните веб-страници и апликации, при што Ви испраќа известување за детектирана интернет-закана.

Прегледајте во секое време од што бил заштитен Вашиот уред додека сте сурфале на мрежата А1. Преку порталот за A1 Net Protect, можете сами да изберете од што дополнително да Ве заштитува услугата.

Преглед и подесувања
A1 Net Protect

Начин на активација/деактивација:

ПРОБАЈТЕ БЕСПЛАТНО! Активирајте ја услугата А1 Net Protect 1 месец БЕСПЛАТНО и сурфајте безбедно преку мобилната мрежа на А1.
Услугата е достапна за сите А1 мобилни корисници.

SMS Activate
За активација

Испратете SMS со текст START PROTECT НА 140 007

За деактивација

Испратете SMS со текст STOP PROTECT НА 140 007

Mojot A1

Во апликацијата Мојот А1 пристапете во делот
Пакети > Достапни Национални услуги > A1 Net Protect

Contact Center

Со јавување во Контакт центар на 077 1234

A1 Store

Во најблискиот А1 продажен салон

Услугата е достапна само преку мобилната мрежа на А1 и не е потребно инсталирање дополнителен софтвер. По истек на пробниот период, месечната претплата за користење на услугата изнесува 29 денари.

Преглед и подесувања на услугата A1 Net Protect

Преку порталот за A1 Net Protect, во секое време можете да прегледате од какви закани бил заштитен Вашиот уред додека сте сурфале на мрежата А1. Овде можете сами да изберете од што дополнително да Ве заштитува услугата. Можете да изберете од:

  • Безбедност
    Веб-страници/aпликации со интернет-закани и вируси;
  • Содржина за возрасни
    Оваа категорија вклучува веб-страници/апликации што содржат порнографија, коцкање или оружје;
  • Криминал
    Оваа категорија вклучува веб-страници/апликации што имаат линкови до дрога, расизам, насилство и тероризам;
  • Рекламирање
    Оваа категорија вклучува веб-страници што содржат реклами, веб и е-мејл системи што ги следат активностите на корисниците.
A1 Net Protect Portal

На порталот можете да се најавите на еден од следните начини:

  • Автоматска најава – кога ќе пристапите до линкот за најава, потребно е да имате вклучен мобилен интернет, преку кој ќе бидете автоматски препознаени и ќе Ви биде дозволен пристап
  • Најава со телефонски број – внесете го Вашиот број и кодот што ќе го добиете преку SMS-порака
  • Најава со корисничко име и лозинка на Мојот А1.

Најчесто поставувани прашања

Услугата A1 Net Protect е интегрирана во мобилната мрежа на А1 Македонија. Услугата автоматски препознава небезбедни веб-сајтови и апликации што ги блокира пред да пристапите до нив, а со тоа Ве заштитува од небезбедни софтвери.

Услугата А1 Net Protect можете да ја активирате со испраќање SMS-порака со текст „START PROTECT“ на 140007 или преку апликацијата Мојот А1 во делот Пакети > Достапни национални услуги > A1 Net Protect.

А1 Net Protect работи преку сите мобилни уреди, со оглед на тоа што функционира преку мобилната мрежа на А1 Македонија.

Опасностите додека користите интернет постојат и ако го користите преку мобилен телефон или таблет. Исто како кога користите интернет на лаптоп или на PC, можете и преку Вашиот мобилен телефон да бидете изложени на опасности што работат во заднина и не можете да ги воочите веднаш.

Не, за активација и користење на услугата А1 Net Protect, не е потребна посебна апликација.

Да, услугата А1 Net Protect Ве штити секогаш кога користите интернет преку мобилната мрежа на А1 Македонија.

Да, доколку уред кај кој е активен A1 Net Protect има вклучен Hotspot, и другите уреди што се користат преку тој Hotspot ќе бидат заштитени додека користат мобилен интернет.

A1 Net Protect детектира закана веднаш штом дојде до контакт, при што го блокира пристапот до веб-страницата или до апликацијата.

Месечната цена за услугата по завршување на промотивниот период е 29 денари. Во месецот по искористување на промотивниот период, наплатата е пропорционална на деновите во кои сервисот се наплаќал. Деактивацијата се евидентира веднаш во моментот кога е побарана, но се врши на истекот на пресметковниот период. Тоа значи дека при деактивација на сервисот, корисникот може да го користи и по моментот на побараната деактивација, па сè до истекот тековниот пресметковен период, за што се наплатува целиот износ на месечната претплата.

Препорачуваме да ги послушате препораките и известувањата од А1 Net Protect, но доколку сепак ја посетите, тогаш сте изложени на опасност и треба да бидете свесни за ризиците што ги преземате.

А1 Net Protect содржи база на небезбедни веб-страници и апликации, кои се претходно идентификувани на глобално ниво. Услугата автоматски детектира доколку веб-страницата што ја пребарувате е небезбедна, односно има вируси, малвер или претставува веб-страница за крадење лични податоци (phishing site). Оваа база константно се надополнува.

Услугата A1 Net Protect функционира и во роаминг секогаш кога користите мобилен интернет (во роаминг), независно на кој оператор сте поврзани.

Услугата A1 Net Protect нуди повеќе опции од само заштита додека користите мобилен интернет. Дополнително може да активирате и поставки за:

  • Веб-страници/апликации со содржина за забава. Во овој дел може да се овозможи пристап до ваков тип веб-страници/апликации во одреден период од денот;
  • Веб-страници/апликации со насилни содржини;
  • Веб-страници/апликации со содржина за возрасни;
  • Веб-страници/апликации за рекламирање.

Сите поставки може да се направат преку порталот на A1 Net Protect: www.a1.mk/netprotect и на него може да се пристапи преку „Автоматска најава” (кога ќе пристапите до линкот, потребно е да имате вклучен мобилен интернет преку кој ќе бидете автоматски препознаени и ќе Ви биде дозволен пристап) или преку другите стандардни начини на најава со SMS PIN или со корисничко име и лозинка на Мојот A1. Препорачливо за корисниците е да се пристапува преку „Автоматска најава”.

Услугата А1 Net Protect можете да ја деактивирате со испраќање SMS-порака со текст „STOP PROTECT” на 140007 или преку апликацијата Мојот А1 во делот Пакети > Достапни национални услуги > A1 Net Protect.

Листата на небезбедни страници и апликации константно се надополнува со секоја детектирана закана.

Нема ограничување кои и колку веб-страници можат да се постават на црна листа или на бела листа преку порталот на A1 Net Protect.

Нема ограничување на колку време се прави промена на бела листа и на црна листа преку порталот на A1 Net Protect.

Промената на одредена веб-страница (од бела листа на црна листа и обратно) која треба да се направи рачно од корисникот преку порталот на A1 Net Protect се аплицира по 15 минути.

Мобилната мрежа на А1 Македонија е сигурна, но при користењето мобилен интернет, можно е да пристапите до веб-страници или до апликации што не се сигурни. Поради тоа што никогаш не можете да бидете сигурни дали линкот, веб-страницата или апликацијата се безбедни – услугата A1 Net Protect ќе Ве заштити од ваков тип закани интернет.

A1 Net Protect функционира исклучиво преку мобилната мрежа на А1 Македонија, НЕ функционира кога корисниците користат мобилен интернет преку Wi-Fi.