Kaко да ја платите Вашата А1 месечна сметка

Вашата А1 сметка можете да ја платите без надоместок за плаќање, брзо и едноставно, преку:

  • Преку мобилната апликација "Мојот A1", во делот „Сметки”
  • Со најава на веб-порталот “Мојот А1”, во делот „Сметки”
  • Преку нашата веб-страница на следниот линк
  • Во продажните салони на А1, преку терминалите за самонаплата

Сметката можете да ја платите и на шалтерите во продажните места на А1, со надоместок во износ од 15 денари за секоја трансакција. Надоместокот ќе биде фактуриран во следната месечна сметка.

Дополнително, Вашата А1 сметка можете да ја платите и во:

  • Банка, електронски, шалтерски или вирмански на било која од следниве трансакциски сметки:
    НЛБ Банка 210-0706831002-12,
    Стопанска банка 200-0029212758-54,
    Комерцијална банка 300-0000038962-35
    Halkbank 270-0706831001-22
  • Преку банкомат на Стопанска банка или НЛБ банка
  • Во Пошта

Доколку плаќате вирмански преку Банка потребно е на уплатницата да ги внесете следните податоци:

  • Во полето "Трансакциска сметка на налогопримач" внесете една од трансакциските сметки на А1 (кои се наведени и во Вашата електронска и хартиена сметка) – НЛБ Банка 210-0706831002-12, Стопанска банка 200-0029212758-54, Комерцијална банка 300-0000038962-35, Halkbank 270-0706831001-22
  • Во полето “Повикување на број” задолжително внесете точен број на Вашата A1 сметка која што ја плаќате, без дополнителен текст

12 цифрениот број на Вашата А1 сметка можете да го најдете:

  • Во маил пораката испратена од А1 (доколку сте регистирани за добивање електронски сметки)
  • На Вашата А1 сметка (електронска и печатена)
  • На мобилната апликација “Mојот А1” во делот „Сметки“ (при избор на сметката за соодветен месец во делот „Информации за сметка“)
  • На веб апликацијата “Мојот А1” во делот “Сметки” (во колоната со име назив „Број на сметка“)
  • Со испраќање СМС со каква било содржина од Вашиот телефонски број, на бесплатниот број 14500 при што ќе добиете повратна порака со информации за бројот на сметка (оваа услуга важи само за физички лица корисници на мобилни линии)
  • Доколку се јавите во контакт центарот на А1 на телефонскиот број 077 1234

Како можете да ја проверите состојбата на Вашата сметка во тековниот месец

Тековната состојба на Вашата сметка може да ја проверите:

  • Доколку се најавите на мобилната апликација “Мојот А1” во делот “Состојба”,
  • Доколку се најавите на веб порталот “Мојот А1” и ja изберете опцијата “Сметки - Преглед”,
  • Доколку испратите СМС порака со текст SMETKA на бројот 1278. Цената на СМС пораката е 0 денари со вклучен ДДВ, или пак
  • Доколку се јавите на 1278 со следење на инструкциите од постпејд менито. Цената на повик е 0 денари со вклучен ДДВ.

Моменталната состојба е од информативен карактер и не вклучува месечни претплати, еднократни надоместоци, попусти или трошоци направени во роаминг.

Ви треба помош при плаќање на Вашата сметка?