26.05.2021

Интервју со Драган Николовски, Тим лидер за продажба за деловни корисници

Успешен, динамичен, посветен и вистински тимски играч, се епитетите кои го опишуваат најдобро Драган Николовски, тим лидер за продажба за деловни корисници. Дел од семејството на А1 Македонија од 2013 година, со својот ведар дух и позитива ги мотивира колегите да го даваат својот максимум и заедно да остваруваат одлични резултати.

Драган, лидер си на тимот за продажба за деловни корисници. Заедно со твојот тим ги постигнувате најдобрите резултати. На што се должи вашиот успех?

Посветеноста и максималниот ангажман кој го давам во реализација на моите работни задачи ме качуваше скалило по скалило во мојата професионална кариера. За мене успех е секој задоволен корисник, особено кога ќе ни потврдат обнова на договорите со што ја продолжуваме соработката на долг рок.

Изминатата година тимот работеше во вонредни услови, во услови на пандемија. Дали и како тоа се одрази на работата? Со какви предизвици се соочивте?

Изминатата година беше едно сосема поразлично искуство за сите нас. Слободно можам да кажам дека бизнисот не застана ниту минута . Брзо и ефикасно се прилагодивме на новото нормално време користејќи го дигиталните начини на комуникација и поддршка, со што во секој момент бевме спремни да одговориме на сите кориснички барања. Aктивни бевме и на терен секогаш кога за тоа ќе се појавеше потреба, целосно следејќи ги протоколите за заштита и превенција. Во рамките на тимот, работењето преку Teams ни стана секојдевие, дигитално се координиравме и виртуелно се дружевме се со цел да ја задржиме позитивната енергија и да го зајакнеме тимскиот дух.

Дали би сакал да ни посочиш неколку поголеми успеси кои ги остваривте изминатиот период?

На ова прашање ќе одговорам од два аспекта, односно од аспект на аквизиција на нови корисници и од аспект на обнова на постоечки корисници.

Во делот на аквизиција слободно може да се пофалиме со зголемување на корисничката базата со две нови големи компании и тоа: Јахија Кемал и Торакс кои неодамна станаа дел од големото А1 семејство.

Посебно сме горди на обновените договори со НЛБ банка, Сава осигурување, Стентон групација, Спортлајф групација и Винер осигурување. Довербата се стекува низ напорна работа и посветеност а вистинска чест е кога корисниците ќе ја потврдат нивната лојалност со потпишување на уште еден претплатнички договор.

Што тебе лично те прави задоволен, што те мотивира?

Постојаното учење и обуки имаат голем придонес во мојата лична надградба и усовршување што ми причинува лично задоволство, ми дава поголема самодоверба и ме прави уште поодлучен.

Изворот на мотивација го пронаоѓам во моето секојдневие, но секогаш започнувам со плановите и целите кои треба да ги остварам како единствен пат до успехот. Дополнителна мотивација се секогаш и признанијата кои ги добивам од сите успешни луѓе со кои сум опкружен, а кои секогаш се подготвени да пофалат квалитетно завршена работна задача. Остварените резултати и цели, заедно со чувството на припадност и доверба, се мојот адреналин и двигател секој работен ден.

Ова се клучните работи кои мене ме одбележуваат како личност и ме мотивираат секогаш да чекорам сигурно по патот на успехот.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Игор Ѓорѓиевски, извршен директор на "RED sped"

Приказната на "RED sped" започнува во далечната 1994 година кога тим од ентузијасти-професионалци се здружиле и го оформиле првичниот тим на компанијата...

Дознај повеќе
Card image cap

Едукацијата и заштитата на децата на интернет еден од приоритетите на А1 Македонија

Со развојот на дигитализацијата, секојдневието поминато без интернет е скоро незамисливо. Не само возрасните туку и најмладите го користат во голема мера, поголемиот дел од нив за забава.

Дознај повеќе