Да го направиме интернетот
поубаво место за сите

Денес, поврзаноста претставува темел за сите аспекти од секојдневнието – од професионалните обврски и образованието, до споделувањето на драгоцените моменти со најблиските. Во Групацијата А1, сметаме дека во ерата кога мрежната поврзаност е суштински фактор за напредок, нашата одговорност како провајдер на телекомуникациски услуги не се ограничува само на овозможување на мрежна поврзаност. Ние се стремиме да обезбедиме најбрза и најбезбедна мрежа, како и да бидеме сигурни дека интернет просторот ќе продолжи да биде безбеден и инспиративен за сите. Оваа посветеност и напор ни дава конкурентска предност. Придружете ни се во остварувањето на оваа визија.

Phishing Image

Кликнете тука за да го отклучите богатството!

82 % од случаите на нарушување на безбедноста на личните податоци вклучуваат човечки фактор – искористување човечка грешка или однесување со цел да се добие пристап до информации или услуги. Според Европскиот совет, фишингот е најчест првичен метод за напад со рансомвер, којшто се смета за една од најсериозните киберзакани во ЕУ.

Дознајте повеќе за фишинг
CyberGuard Conference

Конференција „CyberGuard 2024“

Одговорност за создавање побезбедна онлајн средина има целото општество. Тоа беше еден од заклучоците на конференцијата „CyberGuard 2024“ одржана на 3 октомври во Центарот за настани „Мозаик“ во Загреб.

Прочитајте повеќе
Инфлуенсери

Школа за одговорни инфлуенсери

Школата за одговорни инфлуенсери е онлајн платформа наменета да ги поддржи инфлуенсерите и креаторите на содржини во препознавање и соодветно реагирање на несоодветни содржини, со цел градење на позитивно влијание и поттикнување на конструктивна дигитална средина.

Дознајте повеќе

5 секунди прават разлика!

Потребни се 5 секунди за да одлучите дали со некој несоодветен коментар ќе навредите друго лице. Без разлика на тоа дали се работи за приватна фотографија што завршила во погрешни раце или за е-порака за фишинг што предизвикала штета. Накратко: Издвојте 5 секунди за интернетот да биде побезбедно, подобро место.

Прочитајте повеќе

Седум држави, една цел

Групацијата А1 е посветена на едукација за одговорно користење на технологијата. Дознајте повеќе за едукативните платформи во земјите каде што е присутна А1 Групацијата.

ESG

А1 Македонија е стратешки посветена на имплементација на иновативни практики во областа на ESG, со цел да оствари долгорочен придонес кон одржливиот развој и да создаде значајна вредност во нашата заедница. Во насока на исполнување на иницијативата „План за климатска транзиција“, нашата цел е намалување на јаглерод диоксид со намалување на емисијата на штетни гасови во сите сегменти на нашето работење и искористување енергија од обновливи извори. Нашата корпоративна ДНК е обликувана од вредности што промовираат иновации и одговорност.

Заштита на животната средина

Како дел од Групацијата А1, се стремиме кон остварување амбициозни цели за декарбонизација, зголемување на енергетската ефикасност на нашите операции и воведување напредни практики за циркуларна економија, со надеж да оставиме чиста и здрава планета за идните генерации.

Одговорност кон општеството

Посветени сме на едукација за одговорно користење на технологијата, развој на дигитални вештини и безбедно користење на интернет. Активно промовираме еднаквост и хуманост, верувајќи дека сите имаме улога во создавањето општество што се заснова на разбирање и поддршка.

Корпоративно управување

Ги почитуваме највисоките стандарди за заштита на податоците и на човековите права, што ни овозможува да стекнеме доверба кај нашите корисници и да имаме одговорна соработка со нашите партнери на сите нивоа. Нашето работење е обележано со посветеност кон транспарентност и интегритет, што нè инспирира да создадеме позитивна промена во општеството.