14.11.2019

А1 Македонија ја одбележува Светската недела за грижа на корисниците.

Како компанија водена од премисата што поблиску до своите корисници кои секогаш се во фокусот на вниманието, А1 Македонија jа одбележува Светската недела за грижа на корисниците.

За таа цел, со особено задоволство денеска, А1 беше домаќин на група корисници кои одблиску се запознаа со работата на Центарот за Грижа за корисници и со вработените кои се секојдневна поддршка за барањата и потребите на корисниците. Во рамките на одбележувањето на Светската недела за грижата на корисниците во компанијата беа организирани неколку настани насочени кон едукација и следење на светските трендови во оваа област, a во насока на унапредување и интензивирање на комуникацијата со потрошувачите.

Центарот за Грижа на корисници е местото каде корисниците на услугите на А1 имаат можност 24 часа, 7 дена во неделата и 365 дена во годината да добијат одговор на сите отворени прашања, да го кажат своето мислење или едноставно да добијат совет за услуга или производ што е од нивен интерес.

За корисниците на А1 информации за производите и услугите се достапни и преку социјалните мрежи преку кои нашите агенти во реално време одговараат на прашањата поврзани со услугите на компанијата. Целта на А1 е да помогне и да понуди стручна помош при користење на своите производи и услуги.

Назад

Слични содржини

Card image cap

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до своите корисници

Согласно Уредбата донесена од Владата, како мерка за превенција од COVID -19, се овозможува издавање на месечни сметки во електронска форма...

Дознај повеќе
Card image cap

Продажните салони на А1 Македонија се отворени, но со променето работно време и засилени мерки за заштита

Hашата компанија почнувајќи од понеделник, 16.03.2020 година воведе посебен режим на работење во сите останати продажни салони...

Дознај повеќе