25.09.2020

Среќен прв роденден - А1 Македонија

Веќе една година откако А1 брендот е дел од македонскиот пазар. Некои промени се видливи, како нашето заедничко лого и дигиталните алатки, но други промени се случуваат постепено, како што е трансформацијата на нашата корпоративна култура. Прашавме неколку членови на А1 тимот за тоа кои се нивните искуства и чувства од изминатата година поврзано со А1 брендот, како и што ги инспирира во работењето за А1.

Измината година беше година на предизвици. Првите 6 месеци сите бевме фокусирани на имплементација на новиот бренд, воведувајќи нови производи и услуги за нашите корисници, додека пак втората половина од годината научивме да работиме од дома под новите COVID-19 мерки. Уште еднаш докажавме дека тешките ситуации нè мотивираат да го дадеме најдоброто од нас и дека покрај тоа што работиме далеку едни од други, функционираме како еден моќен тим. Заедно со нашите корисници, се подобривме во зајакнување на дигиталниот живот и пораснавме со нив. Навистина се гордееме дека успеавме да се прилагодиме и да одговориме бргу, и да обезбедиме непречена витална услуга за нашите корисници.

Постојано се стремиме да обезбедиме најдобро корисничко искуство во сите сфери од нашето работење, внимателно ги слушаме потребите на нашите корисници, се стремиме да одиме чекор напред низ технологијата и бараме нови можности за да го подобриме секојдневниот живот на нашите корисници.

Разговаравме со неколку колеги за да слушнеме како тие се чувствуваат за изминатата година. Запознајте ги Марија Богданова – Постар специјалист за инфраструктура и cloud, Анета Симоновска – Менаџер на продавница – Тетово, Ирена Манушева – Експерт за маркетинг комуникации, Стојанче Ванчов – Експерт за клучна мрежа и Четбот Славчо – Виртуелен А1 асистент.

Една година со А1 брендот. Која е најголемата промена за вас? Видлива и емоционално?

Постојаното учење е многу важно за да одговориме на новите предизвици.

Стојанче Ванчов: Со А1 брендот, сега имаме можност да погледнеме малку подалеку, за кориснииците да ни веруваат на нас и нашата мрежа.

Ирена Манушева: Од првиот момент кога го видовме новото лого и корпоративните бои, бевме запознаени со корпоративните вредности и атрибути на брендот. А1 брендот ни помогна да се се истакнеме, и ни даде сила да поставиме и водиме разговори со нашите корисници во ова динамично време.

Анета Симоновска: Покрај новите производи, А1 отвори нов свет за нас вработените, свет каде соработката, посветеноста и почитта се високо вреднувани!

Марија Богданова: Нашите корисници неочекувано беа возбудени за новиот бренд! Сите зборуваа само за А1 :) И корисниците и колегите беа среќни што ја гледаат “нивната” мобилна мрежа на роаминг или рекламите на А1 за време на нивните патувања во земјите од Групацијата: А1 Xplore music логото, на ски терените во Бугарија, А1 продавницата на Lassallestrasse во Виена, додека купуваа туристички разгледници од А1 Словенија, како да се дома.

Четбот Славчо: Одлучив оваа година да се посветам да научам нешто ново и да го надградам моето знаење и вештини. Навистина бев ставен во искушение од опширното тарифно портфолио, разните промоции, како и фиксните технологии кои ги нудиме на нашите корисници. Сега сум потполно подготвен да ги одговорам сите прашања и да ги решам техничките проблеми со кои се соочуваат нашите корисници.

Што значи за тебе А1, во една реченица?

Четбот Славчо: Прв синоним е динамичен и полн со живот, а знам дека и корисниците го мислат истото :)

Ирена: Внимателен и доверлив пријател кој е во чекор со светските трендови.

Марија: Тим, можност, предизвик, раст.

Стојанче: Заедно сме посилни.

Анета: Тим, задоволство, доверба…

Ирена Манушева Што ве инспирира најмногу во работењето за А1?

Ирена: Колегите, колегите и колегите.

Марија: Во моментот, најголемата инспирација е да бидеме свесни дека нашето работење директно придонесува луѓето да бидат поврзани во овие тешки времиња. Ја знаеме потребата, и одговараме соодветно. Помогнавме на многу бизнис корисници да го пребродат стравот од дигиталниот живот и да го водат нивниот бизнис во време на криза користејќи го нашето ИКТ портфолио.

»Тука сме да ги охрабриме корисниците да ги искусат придобивките од дигиталната ера.« Анета Симоновска

Стојанче: Работењето заедно со колегите и вендорите и конфигурирање на мрежна опрема како и работење на големи проекти.

Четбот Славчо: Моите колеги од Контакт центарот кои знаат се и ми помагаат да го подобрам моето знаење, како и задоволните корисници кои ме контактираат онлајн – преку live chat, на фејсбук и на вибер.

Анета: Моите колеги и нивната посветеност, како и нашата желба да им понудиме на нашите корисници можност за подобар »свет«.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Интервју со Димитар Димитров

Остануваме фокусирани на дигитализација на нашите услуги и обезбедување на премиум корисничко искуство за нашите корисници.

Дознај повеќе
Card image cap

Интервју со Емилија Зографска

Drive-in кината се враќаат на голема врата токму заради пандемијата

Дознај повеќе