
Бидете секогаш онлајн – нова понуда од 20 GB за постпејд корисниците на А1 Македонија
Во овој период на зголемена потреба од мобилен интернет, А1 Македонија лансираше нова понуда за своите постпејд корисници. Со активација на месечниот интернет пакет Net 20GB, корисниците добиваат 20GB интернет за само 299 денари.
Како компанија која постојано излегува во пресрет на потребите на своите корисници, А1 Македонија и овој пат понуди атрактивна промоција за постпејд корисниците. Зголемениот интернет сообраќај поради работата од дома, онлајн едукацијата како и виртуелната комуникација со најблиските се само едни од причините поради кои корисниците имаат потреба од ваков тип на понуда.
Пакетот е достапен за приватни и деловни A1 постпејд корисници, исклучиво преку дигиталните канали - апликацијата Мојот А1 и веб верзијата на Мојот А1. Корисниците можат да го активираат со одбирање “Пакети” во менито на апликацијата А1, потоа со избирање “Net 20GB” во подменито “Достапни национални услуги”.
Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.
Да ги почитуваме мерките за заштита на јавното здравје и да ги користиме дигиталните алатки за комуникација.
НазадПоследни новости
-
А1 Македонија ја носи најдобрaта филмска забава на едно место - избери, гледај и менувај стриминг услуги секој месец
03.06.2025 -
А1 Македонија е првата телекомуникациска компанија на домашниот пазар што нуди SkyShowtime
17.03.2025 -
Известување
11.11.2024 -
Нови А1 Business Ultra тарифи за деловни корисници
01.11.2024 -
50 % роденденски попуст за 5 години А1
01.11.2024
Слични содржини
А1 Македонија ја носи најдобрaта филмска забава на едно место - избери, гледај и менувај стриминг услуги секој месец
А1 Македонија ја претставува својата најнова и уникатна стриминг понуда која овозможува пристап до четири водечки стриминг платформи – Netflix, Max, SkyShowtime и Gley – сите во еден пакет...
Дознај повеќеА1 Македонија е првата телекомуникациска компанија на домашниот пазар што нуди SkyShowtime
Како дел од стратешкото партнерство на А1 Телеком Австрија Групацијата со стриминг платформата SkyShowtime...
Дознај повеќе