
Промоција од А1 Македонија – 50% попуст на дополнителни ТВ пакети
Телекомуникациската компанија А1 Македонија со уште еден бенефит за своите корисници, во низата придобивки во периодот на Covid-19. Од денеска, А1 Македонија овозможува попуст од 50% на месечната претплата за активација на одредени дополнителни ТВ пакети.
Имено, на сите корисници на тарифни модели кои вклучуваат ТВ услуга на кабловска или оптичка технологија им е овозможен попуст од 50% на 4 дополнителни пакети и тоа: HBO пакетот за кој редовната понуда е 249 денари месечно, промотивна понуда во овој период е 125 денари месечно; Digitalb Family пакетот со редовната понуда од 299 денари месечно е со промотивна понуда за 149 денари месечно и PINK и Balkan пакетите за кои редовните понуди се по 99 денари месечно за секој од пакетите, сега со промоцијата можат да бидат активирани за 49 денари месечно по пакет.
За корисниците со ТВ услуга на тарифни модели на DVBT технологија достапни со 50% попуст се следните ТВ пакети: HBO Lite пакетот за кој редовната понуда е 249 денари месечно, а промотивната понуда во овој период е 125 денари месечно; Digitalb Lite пакетот со редовната понуда од 99 денари месечно е со промотивна понуда за 49 денари месечно и PINK Lite пакетoт со редовната понуда од 49 денари месечно е со промотивна понуда за 25 денари месечно.
Во овој период каде поголемиот број од граѓаните своето време го поминуваат во домот, овој вид на придобивки носат повеќе забава за сите корисници на А1 Македонија.
Дополнителните ТВ пакети, со 50% попуст на месечната претплата единствено се достапни за активација преку мобилната апликација Mојот А1.
Понудата е промотивна и важи ограничен период. Корисниците со активирани пакети во промотивен период ќе ги користат по намалените цени додека не ги деактивираат истите.
Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234. НазадПоследни новости
-
Патувајте со мене во светот на A1 Future Hub
26.02.2021 -
Неодолива A1 понуда за припејд сегментот во мобилната телефонија
19.02.2021 -
А1 Македонија со нови бенефити за сите корисници на мобилната телефонија
19.02.2021 -
Envoice – софтверско решение за бизнис корисници
12.02.2021 -
Стриминг платформите и нивната важност за музичката индустрија
12.02.2021
Слични содржини
Неодолива A1 понуда за припејд сегментот во мобилната телефонија
10GB за 299 денари сурфање цел месец
Дознај повеќеА1 Македонија со нови бенефити за сите корисници на мобилната телефонија
Со A1 Go Social неограничено сурфање и на Twitter без трошење дополнителен интернет...
Дознај повеќе