
A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до своите корисници
Скопје, 03 април 2020г. – Согласно Уредбата донесена од Владата, како мерка за превенција од COVID -19 објавена во Службен весник бр.80/2020, се овозможува издавање на месечни сметки во електронска форма, сé со цел да се намали користењето на сметки во хартиена форма. На овој начин се зголемува заштитата на јавното здравје и се поттикнува користењето на дигиталните алатки од страна на корисниците, како што се користење на електронска сметка и електронско плаќање од дома без непосреден контакт.
А1 Македонија ги известува корисниците дека месечните сметки отсега ќе бидат доставувани по електронски пат. Сите приватни корисници на А1, кои досега ја немаат активирано услугата Е-сметка, ќе добијат известување преку СМС порака која ќе содржи активен линк, од каде корисниците ќе можат бесплатно да ја преземат својата месечна сметка. На деловните корисници сметките ќе им бидат испратени електронски на нивната е-мејл адреса, односно преку услугата Е-сметка.
Со електронското доставување на месечните сметки, корисниците веднаш и навремено ќе имаат пристап до своите сметки во PDF формат, што придонесува кон зачувување на јавното здравје и превенција од COVID-19, како и зачувување на животната средина.
Електронското плаќање на сметките е достапно преку официјалната страница www.a1.mk и преку апликацијата Мојот А1, каде корисниците лесно, брзо и безбедно може да ги платат своите сметки и услуги од А1, со платежна картичка и во секое време. Корисниците кои веќе ја имаат активирано услугата Е–сметка ќе продолжат да ги добиваат месечните сметки на истиот начин и во истиот формат како и досега.
Со приемот на електронските сметки, корисниците ги задржуваат истите права и обрски како и претходно. Доколку корисниците сепак сакаат да продолжат да ги добиваат месечните сметки во хартиена форма, потребно е да се јават на бесплатниот број 1278, во рок од 10 дена по добивањето на СМС пораката за електронската сметка.
Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.
НазадПоследни новости
-
А1 Македонија ја носи најдобрaта филмска забава на едно место - избери, гледај и менувај стриминг услуги секој месец
03.06.2025 -
А1 Македонија е првата телекомуникациска компанија на домашниот пазар што нуди SkyShowtime
17.03.2025 -
Известување
11.11.2024 -
Нови А1 Business Ultra тарифи за деловни корисници
01.11.2024 -
50 % роденденски попуст за 5 години А1
01.11.2024
Слични содржини
А1 Македонија ја носи најдобрaта филмска забава на едно место - избери, гледај и менувај стриминг услуги секој месец
А1 Македонија ја претставува својата најнова и уникатна стриминг понуда која овозможува пристап до четири водечки стриминг платформи – Netflix, Max, SkyShowtime и Gley – сите во еден пакет...
Дознај повеќеА1 Македонија е првата телекомуникациска компанија на домашниот пазар што нуди SkyShowtime
Како дел од стратешкото партнерство на А1 Телеком Австрија Групацијата со стриминг платформата SkyShowtime...
Дознај повеќе