12.07.2019

“Креираме заедно” – нов концепт во ерата на дигитализација

Во пресрет на воведување на новиот бренд , A1 како дел од А1 Телеком Австрија Групацијата промовира нов концепт на партнерство  со корисниците наречен “Креираме Заедно преку кој компанијата има интенција уште повеќе да ја зајакне релацијата со корисниците и да ги отвори вратите за заедничко креирање на нови продукти и услуги како и подобрување на постоечките кориснички искуства.

Мислењето , сугестиите и потребите на корисниците кои секогаш се на прво место за компанијата, преку овој концепт ќе добијат директен глас и влијание врз креирањето на портфолиото од продукти и услуги, со што се создава уште поцврста врска чија основа се креативноста и довербата.

Во рамките на овој концепт веќе се одржаа работилници во кои со методологијата design thinking заинтересирани A1корисници учествуваа во неколку групи кои ги отсликуваат различните кориснички целни групи на телекомуникацискиот пазар и ја добија можноста да ги искажат своите ставови и да дадат соодветно аргументирани предлози  за нови продукти и услуги.

Од одржаните работилници произлегоа двете уникатни понуди кои A1 веќе ги спроведе во своето портфолио и тоа, E scooter – предлогот од групата, составена од млади и студенти е понудата која предизвика огромно внимание и побарувачка E scooter и Smart Home – продуктот кој произлезе како предлог од групата која ги застапуваше интересите на едно просечно македонско семејство.

Концептот “Креираме заедно” е уште еден доказ дека A1, како дел од А1 Телеком Австрија Групацијата оди чекор понатаму во воспоставувањето на релациите со корисниците, се со цел заеднички да создаваат продукти и услуги по мерка со цел да ги задоволат и најпребирливите телекомуникациски потреби на корисниците

Назад

Слични содржини

Card image cap

Креираме заедно: Интервју Марија Баркова, студент

E–scooter е една од многуте успешни промоции со која корисниците имаат можност да го набават ултра модерното превозно средство – електричен тротинет.

Дознај повеќе
Card image cap

Интервју со Гораст Цветковски, актер, програмер, гејмер

Креиравме заедно, во пресрет на новиот А1 бренд

Дознај повеќе