
А1 Македонија со нови бенефити за сите корисници на мобилната телефонија
Скопје, 19.2.2021г. – А1 Македонија ја надополнува понудата за сите свои корисници на мобилната телефонија и на листата во A1 Go Social пакетот ја додава атрактивната социјална мрежа Twitter со што корисниците добиваат можност за неограничено сурфање без притоа да трошат дополнителен интернет.
Имено, со активација на A1 Go Social, корисниците можат неограничено да сурфаат на омилените социјални мрежи како што се Facebook, Instagram, TikTok, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp, без да трошат дополнителен интернет, а од денеска оваа листа е збогатена и со популарниот Twitter. А1 Go Social е достапен за активација на корисниците на тарифните модели од А1 Neo и A1 Neon преку апликацијата Мојот А1 како и преку порака, со SMS текст START SOCIAL на 140400 веб- страницата на А1 Македонија www.A1.mk
За при пејд корисниците, пакетот A1 Go Social е достапен за активација со SMS текст START на 1499 или преку апликацијата Мојот A1. Пакетот А1 Go Social во припејд вклучува и дополнителен 1GB интернет и е достапен за претплата од само 119 денари неделно.
Со оваа понуда, А1 Македонија уште еднаш ја потврдува својата заложба за креирање понуди прилагодени за потребите на секој корисник, овозможувајќи најдобра вредност, врвно корисничко искуство, неограничена комуникација и многу забава.
Повеќе информации за најновата понуда можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.
НазадПоследни новости
-
Патувајте со мене во светот на A1 Future Hub
26.02.2021 -
Неодолива A1 понуда за припејд сегментот во мобилната телефонија
19.02.2021 -
А1 Македонија со нови бенефити за сите корисници на мобилната телефонија
19.02.2021 -
Envoice – софтверско решение за бизнис корисници
12.02.2021 -
Стриминг платформите и нивната важност за музичката индустрија
12.02.2021
Слични содржини
Неодолива A1 понуда за припејд сегментот во мобилната телефонија
10GB за 299 денари сурфање цел месец
Дознај повеќеEnvoice – софтверско решение за бизнис корисници
А1 Македонија со задоволство го објавува лансирањето на новата услуга Envoice...
Дознај повеќе