12.02.2021

Стриминг платформите и нивната важност за музичката индустрија

Стриминг платформите претставуваат нов водечки начин на следење на аудио и видео содржини, преку бројни интернет платформи. За разлика од традиционалните медиуми, стриминг платформите одговараат на новите потреби на корисниците за: персонализација, следење тековна содржина без прекин од реклами, селекција и можност за лесно откривање нови содржини, истовремено градејќи доверба кај корисниците, кои знаат што точно може да очекуваат од својот контент-провајдер.

Исто така, свесни сме дека современото живеење ја диктира секојдневната динамика, а со тоа ја наметнува и потребата за оптимизација на начинот на кој ги извршуваме нашите активности. Потребата за сѐ поголема флексибилност и зголемување на ефикасноста, преку услуги кои ни се достапни во движење, нѐ води сѐ поблиску до успешен животен баланс.

Со тоа, несомнено е дека забрзаното темпо го следи и зголемување на бројот на стриминг корисници во светот, како главен показател на промената во корисничкото однесување, особено кога станува збор за Telco индустријата. Аудио-стриминг платформите го нудат токму тоа, богат избор на музичка содржина, достапна во секое време, од сите уреди, насекаде и на лесен начин, кои се воедно и двете водечки причини за користење на стриминг услуги во светот.

Кога станува збор за музичката индустрија, стриминг платформите несомнено ја редефинираа сликата во однос на приходи, прераснувајќи во еден од главните носители на светскиот музички пазар, со 56.1% удел во 2019та година (Global Music Report, The Industry in 2019). Ова се потврдува и со фактот дека преземањето на содржини во 2019та година бележи пад од 15.3%, доколку пак преслушувањето преку стриминг платформите расте за 22.9%.

Меѓутоа, стриминг платформите се далеку од само бројка, напротив, тие претставуваат одраз на нови технологии, нови трендови и нови кориснички навики кои допрва ќе го дефинираат пазарот за дигитални услуги.

Пазарот се движи кон дигитализација, од една страна за поедноставно користење на услугите, но од дуга страна и поради зголемена одговорност, а новите генерации носат и нови навики

Денес се соочуваме со публика која е израсната во сосема поинаква реалност во споредба со повозрасните генерации и стриминг платформите се неизоставен дел од нивното растење. Ова го увидовме и преку истражувањата спроведени на македонскиот пазар, од каде заклучивме дека младите корисници се исклучително информирани потрошувачи, иако во најголем дел куповната моќ им е далеку помала. Истовремено, тоа е претсказ за потребите со кои ќе се соочиме во иднина.

Во последните истражувања на светскиот пазар, 89% од испитаниците изјасниле дека користат стриминг платформи за преслушување на музика, а интересен е фактот дека се бележи и раст од 64% кај повозрасната популација (Global Music Report, Music Listening 2019), што е доказ за прилагодливоста кон овие апликации, кои се наменети за лесно корисничко искуство.

Без разлика на генерациските поделби, едно е сигурно, музиката преставува составен дел од сечие секојдневие, како една од најстарите форми на изразување и е составен дел од нашето постоење. Како еден од најекспресивните инструменти за прогресивен културен развој, истовремено ни помага да ги обликуваме нашите емоции и го изградиме својот идентитет. Од исклучителна важност е да се поддржи оваа форма на уметност, а бројните пиратерски платформи (23% од корисниците на дигитални стриминг медиуми, Global Music Report, Music Listening 2019) ни кажува дека свесноста следи растечки тренд за разлика од претходните години. Истовремено, овие апликации се и прозорец кон светот за сите помали изведувачи, заинтересирани да бидат дел од глобалната сцена.

Важноста на соработката на А1 Македонија и Deezer, како одговор на светските дигитални трендови

Неодамна A1 Македонија воведе нова услуга – А1 Xplore Music, во партнерска соработка со компанијата Deezer, како еден од светските лидери на пазарот за стриминг на аудио содржини. Оваа партнерска соработка е од исклучително значење за А1 Македонија бидејќи на своите постпејд корисници им нуди комплетно корисничко искуство, на едно место, што ја отвара и можноста за поголеми кориснички придобивки, без притоа да го компромитира квалитетот на услугата. Накратко, А1 Македонија отсега нуди една од највисоко-квалитетните услуги на светскиот пазар за аудио-стриминг, по најповолна цена на македонскиот стриминг пазар и со голем број дополнителни придобивки.

Дополнително, Deezer платформата е во соработка со трите најголемите издавачки куќи (Universal Music Group, Sony Music и Warner Music Group), но и со помали, инди-издавачи и на своите корисници им нуди пристап до над 73 милиони песни. Покрај оваа примарна услуга, самата апликација има дополнителни бенефити, како што се офлајн опцијата за преслушување музика, кога не сме во можност да користиме мобилен интернет или Wi-Fi. Од особена важност е и Flow опцијата, која е базирана на преференците на секој поединечен корисник на Deezer, нуди препораки и персонализирани плејлисти со можност за преглед на текстови од песни и споделување на истите на Instagram. Практично, секој корисник има можност да ја прилагоди својата апликаци за своите потреби и да направи своја архива на музички наслови со кои располага во секое време.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Патувајте со мене во светот на A1 Future Hub

Ана Умерова, Експерт за човечки ресурси

Дознај повеќе
Card image cap

Иновациите во вештачката интелигенција поттик за уште подобро корисничко искуство

Од Alexa и SIRI до автономни (самоуправувачки) автомобили, Вештачката интелигенција (AI) напредува многу брзо и го менува светот, креирајќи иднина многу поинаква од некогаш замислената.

Дознај повеќе