Амбициите на А1 Телеком Австрија Групацијата за дигитална писменост:
 

  • Социјална амбиција до 2023 година е едукација на над 100.000 луѓе - особено фокусирани на деца и млади – во сегментот на дигитална писменост, да им се даде на луѓето доверба и вештини за активно обликување на дигиталните светови и Амбиција за корпоративно управување до 2023 година.

Интернетот не e само игра...

Кликај безбедно!


Со реализација на едукативна и иновативна програма, под името „Интернетот не e само игра. Кликај безбедно!", наменета за најмладите, нашите вработени, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма, ги запознаваат учениците од IV одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци.

Програмата се реализира во соработка со Министерство за образование и наука, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Во првиот бран на активности, во период од февруари до јуни, 2018 година, беа опфатени над 700 четвртоодделенци, од 10 основни училишта на територијата на град Скопје, а во учебната 2018/2019 година беа опфатени повеќе од 1200 четвртоодделенци, од 20 општини на нашата држава. Во почетокот на 2020 година во просториите на компанијата беа одржани 2 предавања на кои присуствуваа најмалите членови на А1 семејството, четвртоодделенци, со своите одделенија.

Во учебната 2021/2022 година обуката за безбедност на интернет ја поминаа 850 деца од 9 основни училишта на територијата на град Скопје, а досега со програмата се едуцирани повеќе од 3500 четвртоодделенци.

Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието.