Роаминг пакети
Со пакетите А1 Roam Surf, истражувајте, споделувајте и бидете онлајн во секој момент на Вашето патување во странство. Пакетите се достапни за сите А1 Припејд корисници.
Активирајте го пакетот A1 Roam Surf XL и добијте 2GB интернет во роаминг за само 499 денари или пак активирајте го пакетот A1 Roam Surf XXL и добијте 5GB интернет за 999 денари. Овие пакети се достапни за користење во период од 30 дена од денот на активација, без автоматска реактивација и важат во 25 земји.
Роаминг пакети | A1 Roam Surf XXL | A1 Roam Surf XL | A1 Roam Surf L |
---|---|---|---|
Вклучено | 5GB | 2GB | 500MB |
Цена за активација | 999 ден. | 499 ден. | 249 ден. |
Достапен во | 25 земји / оператори во Европа | ||
Важност на пакетот | 30 дена од момент на активација | ||
Начин на активација | Со SMS со текст START XXL на 140999 | Со SMS со текст START XL на 140999 | Со SMS со текст START L на 140999 |
Тарифен интервал | 100 KB |
Со активирање на било кој од пакетите, имате целосна контрола на трошоците за интернет во роаминг, бидејќи откако ќе го потрошите вклучениот интернет во роаминг во пакетот или тарифата, пристапот до интернет автоматски ќе биде прекинат. За да продолжите да користите интернет во роаминг, може да активирате дополнителен роаминг пакет. Доколку преминете на мрежата на роаминг-оператор што не е вклучен во пакетот, пристапот до интернет ќе Ви биде прекинат и ќе добиете насоки со SMS-порака како да продолжите со користење интернет во роаминг.
Проверка на преостанатиот интернет во роаминг од пакетите, може да направите преку мобилната апликација Мојот А1 или со испраќање на SMS порака со текст STATUS INTERNET на бројот 1490.
Корисникот со активен A1 Roam Surf L/XL/XXL пакет треба да има минимум кредит на својата сметка за да го користи пакетот (износот на потребен кредит зависи од операторот/земјата каде што се користи пакетот и е даден кај списокот на земји каде што важат пакетите A1 Roam Surf L, XL, XXL).
Пакетите A1 Roam Surf важат во 25 земји за одредени oператори во Европа, меѓу кои: A1 Србија, A1 Бугарија, IPKO Косово, Telenor Црна Гора, A1 Хрватска, Vodafone во Грција, Албанија, Турција, Италија, Германија, Шпанија и други.
За повеќе информации јавете се во Контакт центарот на 077 1234.