Роаминг во земјите од Западен Балкан

Со воведената регулатива за роаминг во земјите од Западен Балкан, од 1.7.2021 година, корисниците на мобилни услуги на А1 ќе можат да користат роаминг под посебни повластени услови, во согласност со спогодбата потпишана помеѓу земјите од Западен Балкан - WB6. Притоа, А1 Македонија на своите корисници целосно им ги овозможува договорените услови за користење роаминг во земјите од Западен Балкан – Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Оваа роаминг понуда важи за повици, SMS-пораки и интернет, само кога корисникот престојува во некоја од земјите од Западен Балкан. Доколку пак, корисникот се наоѓа во Македонија и прави повик или праќа SMS-порака кон број од земјите од Западен Балкан, за истите важат цените за меѓународни повици/SMS.

Постпејд корисници

Преку мобилната апликација Мојот А1, постпејд корисниците можат да проверат колку мобилен интернет имаат на располагање во роаминг во земјите од Западен Балкан.

Припејд корисници

Цени за разговори, SMS-пораки и мобилен интернет во роаминг во земјите од Западен Балкан:

Припејд
Појдовен повик (ден./мин.) 5.9 ден.
Мобилен интернет (ден./MB) 5.9 ден.
SMS-пораки (ден./SMS) 3.9 ден.

Воспоставување повик не се наплатува.

Дојдовен повик не се наплатува.

Често поставувани прашања