“А1 Видео поддршка” – алатка за разговор во живо и одговори на најдеталните технички прашања
“А1 Видео поддршка” – алатка за разговор во живо и одговори на најдеталните технички прашања
Скопје, 11.05.2022 г. – А1 Македонија продолжува со усовршување на дигиталните алатки за постигнување супериорно корисничко искуство и со задоволство ја најавува новата опција „А1 Видео поддршка“, што претставува уште еден канал за комуникација на корисниците со Контакт центарот за техничка поддршка.
Преку уникатната дигитална алатка, “А1 Видео поддршка”, за прв пат достапна во земјава, корисниците на А1 Македонија добиваат ексклузивна можност за визуелна помош и видео разговор со агент кој ќе им одговори на сите дополнителни прашања што ги имаат поврзани со дигитална телевизија, поврзување на опрема издадена за самоинсталација и помош при поврзување на опрема за интернет.
“Супериорно корисничко искуство преку иновативни понуди и услуги е приоритет за нас во А1 Македонија. Како компанија посветена на обезбедување дигитални решенија за секој дом, горди сме што воведуваме уште една дигитална алатка за нашите корисници со која добиваат уште поедноставен и побрз начин да ги добијат одговорите на сите дополнителни прашања поврзани со услугите што ги користат. Со ова, уште еднаш го потврдуваме партнерскиот однос што го имаме со нашите корисници“, изјави Борче Ѓорѓески, Раководител на Контакт центар за корисници во А1 Македонија.
Пристапувањето кон “А1 Видео поддршка” услугата е бесплатно преку јавување во Контакт центарот за техничка поддршка или преку апликација на веб, по што корисникот добива СМС-порака со линк за воспоставување на видео повик. При повикот, за заштита на приватноста на корисникот се вклучува само задната камера од телефонот која е потребно да биде насочена кон опремата за на агентот да му се покаже и да може да даде точни насоки и упатства.
НазадПоследни новости
-
А1 Македонија ја претставува револуционерната функционалност „ Подари на пријател“ за А1 Алфа корисници
02.02.2026 -
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници
04.12.2025 -
ОХРИДСКО ЛЕТО И A1 МАКЕДОНИЈА ЈА ПОТВРДИЈА СОРАБОТКАТА И ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ
19.11.2025 -
А1 Македонија со успех ја реализира првата конференција Content Positive 2025
17.11.2025 -
А1 Македонија ги отвори вратите за новата генерација платена пракса преку програмата A1 WayUp
02.10.2025
Слични содржини
А1 Македонија ја претставува револуционерната функционалност „ Подари на пријател“ за А1 Алфа корисници
А1 Македонија повторно го поместува лимитот на дигиталните можности, овозможувајќи уникатен начин за поврзување на корисниците преку своето портфолио...
Дознај повеќеПразничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници
А1 Македонија ја отвора сезоната на празнични изненадувања и им подарува на сите мобилни корисници на A1 Net Sef дополнителни гигабајти и дополнителни опции за размена согласно тарифниот модел што го користат...
Дознај повеќе

