ЈСП билет


Купете автобуски билет од вашиот мобилен, преку A1 Постпејд!

Сите корисници на A1 Постпејд, имаат можност да купат билет за возење, во автобусите на ЈСП Скопје, од својот мобилен телефон. Со оваа услуга, купувањето билет е многу едноставно, а сè што треба да направите, е да ги направите следните чекори.

За да можете да купувате билети, потребно е, претходно да ја активирате услугата. За активација пратете СМС, со текст „START" на бројот 14 11 14. Активацијата е бесплатна. Ќе добиете СМС порака, како потврда за успешна активација на услугата.

Чекори за купување билет со мобилен:

  1. Завртете на бројот 185 и приближете го телефонот до апаратот (валидаторот) во автобусот.
  2. Апаратот ќе Ве регистрира – при успешно купување, ќе добиете звучна и светлосна сигнализација од валидаторот.
  3. Ќе добиете СМС порака, како потврда за успешно купување на билетот. Чувајте ја СМС пораката до крајот на возењето.

Цената на дневниот билет за едно возење е 40 денари, а на ноќниот билет е 50 денари. Максималниот месечен лимит за купување на билети од вашиот мобилен телефон е 1 800 денари.

Корисен совет: Откако ќе го завртите бројот 185, Ви препорачуваме, телефонот да го приближите што поблиску до апаратот (валидаторот) во автобусот, а звукот на телефонот да Ви биде поставен на максимум, за да може апаратот полесно да го регистрира звукот/повикот, поради можна бучава во автобусот.

За повеќе информации, јавете се на бројот 077 1234!