Корисничка поддршка

Дали можам да го продолжам мојот договор онлајн?

Обнова на постоечки договор и набавка на нов уред може да направите на еден од следните два начина:

  • Со онлајн нарачка на уред
    1. Во хоризонталната лента на менито на нашата веб-страница www.A1.mk, одберете „Уреди“ и во подменито одберете:
      • Телефони или
      • Лаптопи и Таблети
    2. Одберете уред што сакате да го купите.
    3. Одберете тарифа во која сакате да го обновите Вашиот претплатнички договор и притиснете на копчето „Нарачај“.
    4. Системот ќе Ве однесе на страницата „Информации за нарачка“ каде што Вие ќе треба да одберете „Обнова на договор“ и внимателно да ги пополните полињата од формата.
    5. Во рок од 24 часа ќе Ве контактира наш продажен агент за утврдување детали околу нарачката.
  • Преку A1 Live Shop Виртуелната продавница – со клик на „Започнете разговор“ го внесувате Вашиот контакт број, на кој продажниот агент за кратко ќе Ве контактира. Продажниот агент ќе може да го видите на екранот, ќе Ви објасни во живо сè што Ве интересира за нашите производи и услуги и ќе може да Ви ги покаже уредите во живо.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања