Корисничка поддршка
PIN и PUK Број
Секоја SIM-картичка задолжително има PIN-број, кој се внесува при активација на картичката. Тој се наоѓа на самата пластифицирана картичка.
PIN-бројот може да се промени преку менито на телефонот, според упатството за корисници. Промена на PIN не е возможна преку ниеден систем, освен преку самиот телефон на корисникот.
Доколку се згреши 3 пати PIN-от, картичката се блокира и се комуницира PUK-кодот што може да се добие на следниве начини:
- На самата SIM-картичка
- Преку јавување во А1 Контакт центарот
- Преку апликацијата Мојот А1 во делот Мојот профил - Поставувања
- PUK бројот е неопходен за да се деблокира картичката и да се внесе нов PIN (или да се исклучи барањето за PIN) при што треба да приложите документ за лична идентификација за да се потврди сопственоста на Припејд/Поспејд картичката или да се јавите во А1 Kонтакт центарот.
Блокирана СИМ картичка со PUK-број (10 пати погрешно венесен)
Во ваков случај неопходнo е да се направи замена на SIM-картичката во најблискиот А1 продажен салон.