Корисничка поддршка
Како да ја симнам мобилната апликација „Мојот А1“ и дали е бесплатна за користење?
Апликацијата „Мојот А1“ можете бесплатно да ја преземете од Google Play, App Store или од Huawei AppGallery на Вашиот мобилен уред/таблет и користењето на сите нејзини функционалности е бесплатно.
При активација/купување на дополнителните пакети и/или други услуги, во апликацијата „Мојот А1“ имате можност да ја видите цената на пакетите или на услугите и да го потврдите активирањето. По извршената успешна активација, цената на избраниот пакет или услуга ќе Ви биде фактурирана во Вашата месечна сметка.
Доколку сте припејд корисник, наплатата за активирањето дополнителни пакети и услуги се прави во моментот на активацијата и износот се одзема од Вашиот кредит.
Погледнете го видео туторијалот што ќе Ви помогне како да ја користите мобилната апликација „Мојот А1“: