Корисничка поддршка

Го заборавив корисничкото име/лозинка за „Мојот А1“, што треба да направам?

Во случај да сте ја заборавиле лозинката за пристап на „Мојот А1“, потребно е да ги направите следниве чекори:

  • одберете ја опцијата „Заборавена лозинка“
  • внесете го телефонскиот број на кој е креирано корисничкото име за кое сте ја заборавиле лозинката и кликнете на „Испрати SMS-код“
  • по внесување на SMS-кодот, кликнете „Продолжи“
  • се прикажуваат сите кориснички профили креирани под тој телефонски број и избирате за кој кориснички профил барате да се креира нова лозинка и кликате на „Избери“ 
  • на избраниот кориснички профил се испраќа нова лозинка преку SMS-порака 
  • потоа можете да се логирате со тоа корисничко име и со новата лозинка испратена преку SMS-порака 
  • откако ќе се логирате, преку „Мојот профил“ -> Лозинка и безбедност -> Промена на лозинка, можете да ја промените својата лозинка, по што добивате порака дали е успешно променета лозинката.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања