Корисничка поддршка

Кои документи за деловно лице се потребни за склучување претплатнички договор?

Доколку сте деловно лице и сакате да склучите претплатнички договор за користење телекомуникациски услуги од А1, потребно е да го посетите најблиското A1 продажно место и да ги приложите следните документи:

  • валиден печат од правниот субјект;
  • согласност за проверка на платежната способност (согласност за доставување извештај од Македонското кредитно биро АД Скопје);
  • извод од банка не постар од 1 (еден) месец;
  • валиден документ за лична идентификација (лична карта или пасош од лицето што го потпишува договорот, а тоа може да биде законски застапник, вработен или трето лице, кои се овластени со нотарски заверено полномошно);
  • доколку од апликантот се бара услуга за која има инсталација на опрема, со приложените документи при поднесување на барањето за активација треба да се потврди и адресата за инсталација. Како потврда на адресата за инсталација, треба да се достави валиден документ како доказ за владение со имот – договор за закуп, купопродажен договор, имотен лист.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања