Корисничка поддршка

Како да ја платам мојата сметка?

Вашата А1 сметка можете да ја платите без надоместок за плаќање, брзо и едноставно, преку:

  • мобилната апликација „Мојот A1“, во делот „Сметки“;
  • со најава на веб-порталот „Мојот А1“, во делот „Сметки“;
  • нашата веб-страница на следниот линк: https://www.A1.mk/plati-smetka; или 
  • во продажните салони на А1, преку терминалите за самонаплата.

Сметката можете да ја платите и на шалтерите во продажните места на А1, со надоместок во износ од 15 денари (со ДДВ) за секоја трансакција. Надоместокот ќе биде фактуриран во следната месечна сметка.

 

Дополнително, Вашата А1 сметка можете да ја платите и во:

  • пошта со приложување на Вашата А1 сметка или вирмански (со уплатница);
  • банка: електронски, шалтерски или вирмански на која било од следниве трансакциски сметки: НЛБ банка 210-0706831002-12, Стопанска банка 200-0029212758-54, Комерцијална банка 300-0000038962-35, Халкбанк 270-0706831001-22; или
  • преку банкомат на Стопанска банка или НЛБ банка.

Доколку плаќате вирмански, преку пошта/банка, потребно е на уплатницата да ги внесете следните податоци:

  1.  во полето „Трансакциска сметка на налогопримач“, внесете една од трансакциските сметки на А1 (кои се наведени и во Вашата електронска и во хартиената сметка) – НЛБ банка 210-0706831002-12, Стопанска банка 200-0029212758-54, Комерцијална банка 300-0000038962-35, Халкбанк 270-0706831001-22;
  2.  во полето „Повикување на број“ задолжително внесете го точниот број на Вашата A1 сметка што ја плаќате, без дополнителен текст.

12-цифрениот број на Вашата А1 сметка можете да го најдете: 

  • на мобилната апликација „Mојот А1“, во делот „Сметки“ (при избор на сметката за соодветен месец, во делот „Информации за сметка“);
  • на веб-апликацијата „Мојот А1“ во делот „Сметки“ (во колоната со име назив „Број на сметка“);
  • во е-маил пораката испратена од А1 (доколку сте регистрирани за добивање електронски сметки);
  • на Вашата А1 сметка (електронска и печатена);
  • со испраќање SMS со каква било содржина од Вашиот телефонски број на бесплатниот број 14 500, при што ќе добиете повратна порака, со информации за бројот на сметка (оваа услуга важи само за физички лица, корисници на мобилни линии); или
  • со повик во Контакт центарот на А1 на телефонскиот број 077 1234.

    Погледнете го видео туторијалот, кој ќе Ви помогне како онлајн да ја платите Вашата сметка – чекор по чекор:

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања