Корисничка поддршка
Како да ја добивам мојата сметка преку е-мејл?
Вашата сметка можете да ја добивате преку е-мејл со активација на „Е-сметка“.
„Е-сметка“ можете да активирате на еден од следните начини:
- преку формата за Активација на Е-сметка
- преку мобилната апликација „Мојот A1“ (симнете ја мобилната апликација „Мојот A1“ преку Google Play/App Store, креирајте Ваш профил и најавете се во делот „Сметки“ и одберете ја опцијата „Е-сметка“)
- со испраќање SMS-порака со содржина „START“ на бесплатниот број 140 410
- со повик во А1 Контакт центарот на бројот 077 1234.
Со оваа услуга, сметката повеќе нема да ја добивате во хартиена форма, туку на Вашата е-мејл-адреса ќе добиете:
- број на фактура, како и износот на Вашата месечна сметка
- PDF-документ од Вашата месечна фактура
По активацијата на „Е-сметка“, следната издадена сметка ќе Ви биде доставена на Вашата е-мејл-адреса.
Активација на Е-сметка онлајн и со испраќање SMS важи само за приватни корисници на мобилни услуги. Доколку сте бизнис корисник, можете да активирате „Е-сметка“ преку Вашиот A1 бизнис агент.
Погледнете го видео туторијалот, кој ќе Ви помогне како да ја платите Вашата Е-сметка:
Слични прашања
- Како да добијам детална сметка?
- Како можам да ја проверам моменталната состојба на мојата сметка?
- Како да ја активирате бесплатната услуга „E-сметка“ и како да плаќате онлајн?
- Месечна сметка за комуникациски услуги од А1
- „Мојот А1“ – Плаќање сметка, префрлање припејд кредит и активација на дополнителен пакет