
M-TAG преку А1
А1 во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Ви овозможува услуга за електронска наплата на патарини во Македонија, со M-TAG уред.
За да ја користите услугата, потребно е да имате електронски уред M-TAG, кој можете да го купите во продажните салони на A1, за само 49 ден./месечно.

Како функционира М-TAG уредот?
M-TAG уредот се поставува на Вашето возило, од внатрешната страна на предното ветробранско стакло (шофершајбна) и Ви овозможува поминување на наплатните рампи за патарина без застанување. Кога возилото се приближува до наплатната рампа, читачот на рампата го регистрира M-TAG уредот и рампата автоматски се отвора. Услугата M-TAG функционира само на лентите означени со M-TAG, вообичаено крајната десна лента.

Како да купите M-TAG уред?
За сите А1 постпејд мобилни и фиксни корисници, M-TAG уредот е достапен на 24 рати, за само 49 ден./месечно, а ратата ќе биде додадена во Вашата А1 месечна сметка. Уредот е исто така достапен и со еднократен надоместок од 1.199 денари.
Регистрација
Откако ќе го купите уредот, потребно е да се регистрирате на следниот портал, за да може да го користите.
Како електронски се наплатува патарина со M-TAG уредот?
Плаќањето за користење на M-TAG услугата, можете да го вршите преку А1 постпејд број, со платежна картичка или со претходно надополнување парични средства на уредот.
Наплата преку A1 постпејд број
Поврзете го Вашиот А1 постпејд број со M-TAG уредот.
При секое поминување на патарина, се наплатува соодветен износ, кој потоа ќе биде додаден во месечната сметка за Вашиот А1 постпејд мобилен број.
Наплата со платежна картичка
Поврзете ја Вашата дебитна/кредитна картичка со M-TAG уредот.
При секое поминување на патарина, се наплатува соодветен износ од поврзаната картичка.
Наплата со надополнување
Надополнување на M-TAG уредот можете да направите во продажните места на А1 или на порталот за регистрација.
Минимален износ: 1.000 денари.
- Поврзувањето на картичката се прави на порталот за регистрација, каде што е потребно да ја додадете картичката, откако ќе се регистрирате.
- Детални упатства за регистрација, најава и поврзување на Вашиот постпејд број, како и платежната картичка можете да најдете на порталот преку следниот линк.
- За наплата на патарина преку A1 постпејд број важи лимит од 3.000 денари во пресметковниот период на месечната сметка. По надминување на лимитот, наплатата ќе продолжи да се реализра преку внесената платежна картичка.

Упатство за поставување на M-TAG уредот:
- Поставете го M-TAG уредот во држачот, лизгајќи го додека не влезе целосно на своето место.
- Исчистете ја и исушете ја површината на ветробранското стакло, околу ретровизорот, каде што ќе го поставите M-TAG уредот.
- Одлепете ја заштитната хартија од лепливата трака на задниот дел од држачот.
- Прикачете го M-TAG уредот хоризонтално на ветробранското стакло, веднаш до или позади ретровизорот. Притиснете го цврсто уредот околу 10 секунди. Целата леплива површина треба да биде во контакт со ветробранското стакло, за да се залепи уредот.

Објаснување на звучните сигнали на M-TAG уредот:
- Еднократен звучен сигнал: тагот е успешно прочитан, плаќањето е успешно извршено (има доволно средства).
- Два звучни сигнали: тагот е успешно прочитан,плаќањето е успешно извршено, но преостаната состојба на средствата е недоволна (состојба на средствата по плаќање од последна цена за патарина).
- Три звучни сигнали: тагот е успешно прочитан, но не е детектирано возило во сообраќајната лента. Плаќање не е извршено.
- Четири звучни сигнали: тагот е успешно прочитан, но плаќање не е извршено(нема доволно средства, блокиран и слично).

