Поврзани и сигурни!

Останете секогаш поврзани со Вашето дете дури и кога не сте во неговата близина. Со тарифата A1 Kiddo и смарт-часовникот MyKi Watch 4 lite ќе бидете сигурни како родител, каде и да се наоѓа Вашето дете.

MyKi Watch 4 Lite е смарт-часовник од новата генерација наменет за деца. Има вграден GPS-уред, преку кој секогаш ќе знаете каде се наоѓа Вашето дете и ќе можете да го следите неговото движење во реално време. Лесен е, удобен и едноставен за користење.

Преку SOS-копчето, детето во секој момент може да Ве повика на Вашиот телефон. Благодарение на вградената SIM-картичка, можете да разговарате со него кога и да посакате, лесно и сигурно.

Со тарифата A1 Kiddo, MyKi часовникот добива целосна функционалност за повици и GPS-следење. Доколку тарифата A1 Kiddo ја вклучите во A1 Combo пакет, ќе добиете дополнителен попуст на месечната претплата.

A1 Kiddo


3GB

национален интернет

Неограничени

разговори кон A1

100 минути

кон други национални мрежи

100 SMS

кон други национални мрежи


месечна претплата499 денари
Месечна претплата
во А1 Combo
449 денари

MyKi Touch 4 lite со A1 Kiddo

Функции на MyKi:

  • Локација – благодарение на вградениот GPS модул, секогаш знаете каде се наоѓа вашето дете. Локацијата се обновува на секои неколку секунди и е достапна во апликацијата MyKi Watch.
  • Повици – можете да внесете до 5 дозволени броеви со кои детето ќе може да разговара. Со тоа, Вашето дете е целосно заштитено од непознати и несакани повици.
  • SOS-копче за итен повик – со притискање на копчето, часовникот автоматски ги повикува до три однапред дефинирани броеви додека не воспостави контакт.
  • Гласовни пораки – можете да примате и да праќате гласовни пораки од и до Вашето дете.
  • Сензор за допир/близина – благодарение на вградениот сензор, Вие ќе знаете дали Вашето дете во моментот го носи часовникот и ќе бидете информирани доколку часовникот е тргнат од раката.
  • Екран на допир во боја – со MyKi Touch Вашето дете може да пристапи во секое мени само со допир на екранот, што го прави MyKi Touch интерактивен и едноставен за користење.
  • Заменливи силиконски ремчиња во повеќе бои, кои се целосно безбедни и со удобен дизајн за Вашето дете.
  • Избор на повеќе ринг-тонови.

Повеќе информации за функциите на смарт-часовниците можете да најдете на веб-страницата за MyKi www.myki.watch.