Заштита на лични податоци

А1 Македонија ДООЕЛ Скопје ги обработува личните податоци на своите корисници во согласност со важечките законски прописи за заштита на личните податоци. Личните податоци се обработуваат за овозможување на користењето на производите и услугите на А1 Македонија ДООЕЛ Скопје, со примена на соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

Со својата Изјава за заштита на личните податоци, А1 Македонија ДООЕЛ Скопје уредува кои категории на лични податоци ги собираме, начинот на кој ги обработуваме, целите за кои ги обработуваме, како и правата кои корисниците ги имаат во однос на нивните лични податоци.

Подолу можете да ја прочитате целата Изјава за заштита на личните податоци за А1 Македонија и слободно да се обратите до А1 Македонија ДООЕЛ Скопје преку наведените контакт детали доколку имате било какви прашања во врска со обработката на личните податоци.

Изјава за Заштита на лични податоци

Согласно законските прописи, субјектите на лични податоци имаат права во однос на заштита на нивните лични податоци, како што се детално објаснети во Законот за заштита на личните податоци. Во оваа смисла, друштвото А1 Македонија ДООЕЛ Скопје како контролор на лични податоци е должно да го олесни остварувањето на правата на субјектите на личните податоци врз основа на член 19 до член 26 од наведениот закон. Од таа причина, во продолжение можете да пристапите до соодветните форми со цел реализација на Вашите права за заштита на личните податоци:

Политика на приватност

Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој А1 Македонија ДООЕЛ Скопје ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците при посета на нејзината интернет страната www.A1.mk.

Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената интернет страна и не се однесува за личните податоци што А1 Македонија ги собира од своите корисници на други начини.

Подолу можете да ја прочитате целата Политиката за приватност на личните податоци при посета на интернет страната www.А1.mk и слободно да се обратите до А1 Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате било какви прашања во врска со обработката на личните податоци.

Политика на приватност

За да ги промените подесувањата за колачиња, притиснете на: