А1 Pet и MyKi Spot тракер
Бидете поврзани со Вашето милениче
Повеќе нема потреба да се грижите дека Вашето милениче ќе се изгуби. Со А1 Pet и MyKi Spot тракерот секогаш ќе знаете каде точно се наоѓа Вашето милениче, во опсег до 10km.
А1 Pet е постпејд мобилна тарифа која е наменета за поврзување на тракинг уредот и вклучува 1GB мобилен интернет.
MyKi Spot е паметен, односно тракинг уред кој преку апликација Ви овозможува во секое време да го следите движењето и локацијата на Вашето милениче. Благодарение на GPS, LBS и Wi-Fi локализација, уредот прикажува прецизна позиција со точност до десет метри.
Можете да поставите безбедносна зона околу вообичаеното место за прошетка, а доколку миленичето ја напушти оваа зона, веднаш ќе добиете известување.
Тракерот тежи само 40 грама, што го прави идеален и за мали, и за поголеми домашни миленичиња.
Повеќе детали за уредот можете да најдете на веб страницата на производителот на следниот линк
| A1 Pet |
|---|
| 1GB национален интернет |
| месечна претплата 399 денари |
| месечна претплата во А1 Combo 349 денари |


