Купивте нов уред? Не ризикувајте и осигурете го! A1 Македонија, во соработка со Триглав Осигурување, Ви ја нуди услугата Продолжена гаранција, со која добивате дополнителни 24 месеци гаранција за уредите купени во A1 и започнува да важи веднаш по истекот на фабричката гаранција.

Уреди за кои е достапна услугата Продолжена гаранција

Месечната претплата за услугата Продолжена гаранција зависи од цената на уредот

  • 59 ден./месечно, за уреди до 30.000 денари со вклучен ДДВ
  • 99 ден./месечно, за уреди од 30.001 до 60.000 денари со вклучен ДДВ
  • 149 ден./месечно, за уреди над 60.000 денари со вклучен ДДВ

Подетални информации за поволностите на оваа услуга, прочитајте во Општите услови за користење на следниот линк.

За кого е достапна услугата

Услугата е достапна за сите приватни и бизнис постпејд мобилни и фиксни корисници кои купиле уред во продажните салони на A1. Месечната претплата ќе биде вклучена во месечната сметка за користење на услуги од А1.

Услугата Продолжена гаранција може да се активира при купување на уредот или најдоцна 30 дена од купување на уредот.

Услугата Продолжена гаранција опфаќа сè што е покриено со фабричката гаранција на производителот, вклучувајќи производни дефекти, материјални недостатоци и грешки од производителот.