Интернетот не e само игра...
Кликај безбедно!

Водејќи се од својата долгорочна посветеност, за промоција на вистинските општествени вредности, целосно сме посветени кон општествено-одговорни проекти.

Со реализација на едукативна и иновативна програма, под името „Интернетот не e само игра. Кликај безбедно!", наменета за најмладите, нашите вработени, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма, ги запознаа учениците од IV одделение и го збогатија нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци.

Програмата се реализираше, во соработка со Министерство за образование и наука, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Во првиот бран на активности, во период од февруари до јуни, 2018 година, беа опфатени над 700 четвртоодделенци, од 10 основни училишта на територијата на град Скопје, а во учебната 2018/2019 година беа опфатени повеќе од 1200 четвртоодделенци, од 20 општини на нашата држава.

Во почетокот на 2020 година во просториите на компанијата беа одржани 2 предавања на кои присуствуваа најмалите членови на А1 семејството, четвртоодделенци, со своите одделенија.

Во февруари 2021 година А1 Македонија продолжи со едукативни предавања за четвртоодделенците низ земјата, но поради условите во кои се одржуваат часовите во училиштата, оваа учебна година работилниците се одвиваат онлајн, преку платформата на MS Teams.

Во овој четврт циклус предавања одржани се 8 работилници и тоа во градовите Скопје, Струмица, Велес, Кавадарци, Тетово и Штип, а опфатени се над 2500 ученици.

Интернететот не е само игра, брошура