Политика за приватност на порталот за кариера на А1 Македонија
Доколку се регистрирате, преку нашиот портал за работни места, ќе ги обработиме следните податоци за Вас, доколку се содржат во Вашата апликација:
име, презиме, телефонски број, адреса на е-пошта, адреса на живеалиште, како и други податоци, наведени во Вашето CV и други документи (доколку имате приложено такви информации, во апликацијата).
По правило, ги бришеме Вашите податоци по шест месеци, освен ако не сте дале согласност да ги задржиме податоците, во период од три години, за да можеме да го споредиме Вашиот профил со отворените работни места, во овој период.
Обработка на податоци од трети страни
Доколку ангажираме трета страна, за обработка на Вашите податоци, ние и понатаму ќе останеме одговорни за приватноста на Вашите податоци. Трета страна за обработка на Вашите податоци, ќе користиме само ако имаме соодветни писмени гаранции, или обврзувачки интерни правила за приватност на податоците со договорениот обработувач на податоци.
Обработка на Вашите податоци
Ги обработуваме Вашите, гореспоменати, податоци, со цел, да провериме дали се квалификувате за одредена работна позиција во А1 Македонија, објавена на нашиот портал за работни места и за да контактираме со Вас, во врска со натамошните чекори.
Исто така, доколку Вашиот профил одговара на одредено, слободно, работно место, во рамки на А1 Телеком Австрија групацијата на компании, ние можеме да ја споделиме Вашата Апликација, во рамки на групацијата и Вие може да бидете повикани на разговор или интервју, од соодветната компанија којашто припаѓа на А1 Телеком Австрија групацијата.
Можете да ги остварите следните права, во однос на обработката на Вашите податоци:
Право на информации: можете да побарате потврда од нас, во однос на тоа, дали и до кој степен ги обработуваме Вашите податоци. За оваа намена, можете едноставно да нѐ контактирате на human.resources@А1.mk.
Право на корекција: доколку Вашите лични податоци, коишто ги обработуваме се нецелосни и неточни, можете да побарате – во секое време – да ги коригираме или да ги дополниме. За оваа цел, можете едноставно да нѐ контактирате на human.resources@А1.mk.
Право на бришење: можете во секое време да побарате, да ја избришеме Вашата Апликација и споделените лични податоци, доколку не сакате веќе да бидете присутни во нашата база на податоци, или доколку друго лице ја поднело Апликацијата во Ваше име и сметка, со испраќање на електронска порака на human.resources@А1.mk.
Исто така, А1 Македонија има право да ја избрише Вашата Апликација и сите документи и податоци без Ваша согласност, доколку тоа е побарано/одлучено од надлежен државен орган.
Право на приговор: доколку ги обработиме Вашите податоци, за да извршиме некои задачи од јавен интерес, или да извршиме некое јавно овластување или доколку за време на обработката на податоците, ние се повикаме на потребата да го заштитиме нашиот оправдан интерес, Вие можете да поднесете приговор против таквата обработка на податоци, доколку постои доминантен интерес за заштита на Вашите податоци. Вие можете да приговорите во врска со испраќањето на понуда или рекламен материјал, во кое било време, без да ги наведете причините за истото. За оваа цел, можете да нѐ контактирате на human.resources@А1.mk.
Право на жалба: доколку сметате дека ние го прекршуваме Законот за заштита на личните податоци, додека ги обработуваме Вашите податоци, љубезно Ве замолуваме да стапите во контакт со нас, за да ги разјасниме сите Ваши прашања или дилеми.
Потврда на идентитет:
доколку се сомневаме, ние може да побараме додатни информации, за да го потврдиме Вашиот идентитет, како што е читлива копија од важечки документ за идентификација, со фотографија и потпис. Ова е со цел да се заштитат Вашите права и Вашата приватност.
Рок на важност:
Оваа Политика за приватност ќе важи од 05.09.2019 година.